РЕЦЕПТ 1 – Ролат со карамел кекси и кокос, приближно се приготвува за 20 минути. Одличен е за секакви пригоди, за Божиќ, Нова година, родендени и разни прослави… никогаш не останува ниту едно парче. Еве уште една идеја доколку ги сакате рафаело топчињата, тогаш ќе го сакате и овој ролат.

Потребни состојки за карамел кекс: 1оо г шеќер, 175 мл млеко, 150 г мелени плазма кекси. Состојки за рафаело намазот: 3 лажици вода, 60 г шеќер, 100 г путер, 100 г млеко во прав, 50 г мелен кокос. Уште ќе ви биде потребно: 1 лист обланда со величина 30х23 см.

Постапка: Во помало тенџере ставете го шеќерот и на најниска температура оставете го да се растопи додека да добие убава карамел боја. Потоа додадете млеко (наместо млеко може и вода), па откако ќе се стврдне карамелот оставете неколку минути да се растопи.

Кога и млекото ќе се загрее, повторно мешајте додека целосно се растопи, да не останат парчиња карамел. Во оваа мешавина додека е топла додадете ги мелените плазма кекси, па брзо промешајте за убаво да се соедини во компактна смеса.

Во оригиналниот рецепт не пишува дали листот обланда претходно да се стави помеѓу две влажни крпи за да омекне (а јас се плашев да не ми пукне листот при виткањето, па затоа сепак го омекнав на овој начин, кратко оставајќи го помеѓу влажни крпи).

Вака омекнатиот лист обланда премачкјате ја преку целата површина филот од карамел-кекс. Напоредно додека го готвите првиот фил, започнете да го приготвувате и вториот фил, за да бидат и двата топли кога ќе се премачкуваат, а на овој начин се скратува и доста од времето.

(Следниот пат ќе пробам со топлите филови преку обландата, без да го навлажнувам претходно листо, па ќе видам дали тој ќе пукне при виткањето и ќе ви јавам). За втор фил: Во мало тенџерче ставете го путерот со три лажици вода, па на средна температура загревајте со постојано мешање додека да се растопи путерот.

Тргнете го од оган и додадете млеко во прав и кокос, па сето добро мешајќи со жица-маталка, добро соединиете во компактна смеса. Овој крем премачкјате го преку карамел-кексот и веднаш свиткајте го ролатот.

Свиткајте го во проѕирна фолија и оставете го ролатот на ладно место или во фрижидер добро да се олади.  Кога ќе излади, сечете парчиња со широчина од 2 или 3 см. Најдобро е да користите лист обланда со пошироки коцки (визуелно поубаво изгледаат кога ќе се исечат, отколку со поситни коцкички).

Јас користев со ситни коцки, бидејќи немав друг, а во оригиналниот рецепт пишуваше да се користи лист со крупни коцки. Кога премачкувате обланда со крупни коцки, премачкувајте ја рамната страна, а страната со коцки да дојде од надвоешна страна (за визуелен ефект).

II РЕЦЕПТ – КОКОС РОЛАТ – брз, вкусен и декоративен. Рецепт на Дуци: Ова рецептче го прочитав од некоја си книга, не знам од која, ама го запишав и направив, па можам да ви кажам дека сум презадоволна од резултатот.

Потребни состојки за кокос крем: 100 г шеќер во прав, 100 г маргарин или путер, 100 г кокос, околу 100 мл млеко. Потребни состојки за чоколаден крем: 100 г шеќер во прав, 100 г маргарин или путер, 50 г чоколадо за готвење, 100 г мелени петит кекси, 1 јајце. И уште е потребно: 1 лист обланда.

Постапка: Пенасто изматете го претходно омекнатиот путер на собна температура заедно со шеќерот во прав, додека да стане како крем. Кокосовото брашно попарете го со малку млако млеко околу 100 мл, оставете да се олади (најдобро во фрижидер).

Потоа омекнатиот кокос  додадете го во изматениот путер и заедно добро измиксајте ги додека да се соединат. За фил два: пенасто изматете го путерот претходно омекнат на собна температура, заедно со шеќерот во прав, па потоа додадете едно јајце и продолжете да матите додека тоа да се инкорпорира во путерот.

На крај додадете растопено и изладено чоколадено во тенок млаз, како и мелените бисквити, па сето заедно убаво изматете го, за да добиете убава хомогена смеса. Листот обланда завиткајте го помеѓу две влажни крпи за да омекне, за да не испука при виткањето.

Па, кога малку ќе “попушти”, прво премачкјате ја со чоколадниот крем преку целата површина, па откако ќе израмните, рамномерно распоредете го и кокосовиот крем. Премачкајте преку цела површина и израмнете. Потоа обландата свиткајте ја внимателно.

Завиткајте го ролатот во алуминиумска или проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се олади и стегне. Ролатот сечете го накосо. Најдобро е да го приготвите еден ден претходно, тогаш филовите добро се стегнуваат, а обландата фино омекнува, па најубаво се сечат парчињата. / Coolinarika.com