Ова е еден од оние колачи кои можеби не се премногу декоративни и репрезентативни според изгледот, но зато „и дишат и мирисаат“, бидејќи имаат преубав чоколаден вкус, и многу се сочни и меки. Мора да ги пробате! Дополнително, мерките се на чаша од 200 мл со што колачов е прелесен за подготовка.

Потребни состојки:

2 чаши брашно

2 чаши шеќер

2 чаши течен јогурт

1 лажичка сода бикарбона

2 полни лажици какао

2/3 чаши масло

За прелив:

100 г чоколадо

1 лажица шеќер

5 лажици млеко

¼ маргарин (путер од 250 г), околу 60-65 г.

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Измешајте брашно, шеќер, какао и прашок за печиво.

Додадете масло и јогурт, па енергично со жица или со миксер соединете.

Излејте ја смесата во намастен и набрашнет со какао, плех со димении 30х20 или помал (немојте поголем зошто колачот ќе излезе тенок), убаво распоредете со наведнување на плехот од сите страни, па ставете да се пече околу 35 минути. Пред крајот на печењето исечкајте го путерот, додадете млеко, шеќер и чоколадо, па на тивок оган растопете.

Врелиот колач тукушто изваден од рерна прелијте го со глазурата, па оставете убаво да излади.

Исечете на коцки и уживајте.

Колачот може да се послужи и врел со топка сладолед од ванила одозгора да се топи полека додека се јаде.