Многу едноставен ЈАФА колач во 2 чекори

Многу брза и лесна подготовка, а добивате многу вкусен колач.

Потребни состојки:

2 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици млеко

10 лажици масло

15 лажици брашно

1 прашок за печиво

4 лажици џем од кајсија

1 поголем портокал, смрзнат и изрендан

4 лажици млеко

2 лажици масло

100 г чоколадо

50 г путер

2 лажици млеко

Постапка:

Чекор 1: 2 јајца, шеќер, млеко, масло, брашно и прашок за печиво измешајте и смесата испечете ја во голем плех како потенка кора. Поделете ја кората на половина а едниот дел издробете го на трошки.

Чекор 2: Во издробениот дел додадете рендан портокал, џем, млеко и масло, па направете еднолична смеса. Со оваа смеса филувајте ја кората.

Направете глазура од чоколадо, путер и млеко, па прелијте врз колачот. Изладете и сечете на коцки.

Претходна статијаПосен колач со вишни без масло (посно на вода)
Следна статијаБрз јогуртен колач: можеби не е репрезентативен, но превкусен е, сочен и мек, мора да го пробате! Мерки на чаша