Брз и вкусен колач од гриз и чоколадо: Може да се прави на повеќе начини

Овој колач се приготвува многу брзо и лесно, а состојките се – од сè по малку. Кога дома ќе ви остане од сè по малку, малку ова-малку она, едно јајце… Може да изматите баш сè и даправите сочен колач.

Наместо јаболка може да употребите круши, наместо ореви да ставите лешници, бадеми, а сувото грозје може да биде интересен додаток… Сè по избор и вкус!

Потребни состојки:

250 г гриз
150 г мелени ореви
250 г кристал шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
2 јајца
2 јаболка со средна величина
1 прашок за печиво

Постапка:

Loading...

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете масло и млеко и повторно изматете. Не е потребно да миксате, доволна е само жица за матење.

Потоа додадете гриз, ореви, прашок за печиво и рендани јаболка. Сето измешајте го и оставете да отстои додека рерната да се загрее на 200 степени.

Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење. Протресете го плехот и стаевете да се пече во загреана рерна, па веднаш намалете на 180 степени и печете околу 30 минути. Проверете со чепкалка.

Печениот колач извадете го да се олади, па прелијте го со глазура од 100 г чоколадо и 2 лажици масло (растопено на пареа).

Послужете штом излади, а може да се јаде и топол.

Напомена: Ако користите поголем плех, колачот ќе биде понизок, и обратно, ако користите плех со средна величина, колачот ќе биде повисок. Дали е печен, проверете со чепкалка.

Loading...