Неодолив жербо колач со јаболка

Одличен вкус кој ќе ви стане омилен.

Потребни состојки:

150 мл млеко
20 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 прстофат сол
80 г шеќер
500 г брашно
3 јајца
150 г путер

За фил:

1,5 кг јаболка
300 г мелени ореви
150 г шеќер во прав
300 г џем од кајсии или праски

Постапка:

Loading...

Млекото загрејте го, па додадете шеќер и растопен квасец во топло млеко, па оставете го 10-тина минути за да се активира и запени.

Во еден сад измешајте брашно и маргарин со сол, па додадете го стасаниот квасец, 80 г шеќер и јајца, па замесете мазно тесто.

Поделете го на три дела, покријте ги со крпа и оставете да одмори додека го приготвувате филот.

Јаболката исчистете ги и изрендајте ги, па оставете ги малку да отстојат. Потоа исцедете ги со раце од вишокот сок. Додадете шеќер, ореви и џем, па убаво промешајте да се соединат.

За тоа време тестото ќе одмори и стаса, па секој дел развлечете кора со дебелина од 3 мм со величина на плехот (среден).

Ставете ја првата кора во намастен плех, па половина од филот. Врз филот ставете ја втората кора и другата половина од филота, па на крај ставете ја третата кора и избоцкајте ја со виљушка.

Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени додека да зарумени убаво одозгора.

На крај кога колачот ќе се испече и олади, прелијте го со глазура (по ваша желба). Оставете го колачот да отстои, а корите дополнително да омекнат, па потоа исечете го и послужете го.

Loading...