Компирот е сепак, крал на витамините? Постои причина зошто сите веднаш помислуваме на витамин Ц кога ќе размислуваме на кој начин да го зајакнеме имунолошкото здравје, пишува НМД.мк




Витамин Ц. „Витаминот Ц е витамин растворлив во вода, кој делува како антиоксиданс кој ги стабилизира слободните радикали, помагајќи да се спречи оштетувањето на клетките“, објаснува нутриционистката Кара Харбстрит.




Компирот е најдобриот извор на витамини, ако го споредите бројот на хранливи материи и витамини што ги содржи со неговата цена и достапноста во текот на целата година, пишува НМД.мк




Докажано е дека витаминот Ц помага во поддршката и зајакнувањето на имунолошкиот систем на организмот. Исто така, ја зајакнува способноста на вашето тело да произведува колаген, што е главна компонента на мускулното ткиво.




Колагенот ја поддржува апсорпцијата на железото, истовремено помагајќи да ги залечите р аните и да ги одржите здрави непцата. Кога бевме деца, нашите родители обично посегнуваа по агруми или сок од цитруси кога сакаа да го зајакнат нашиот имунитет.




Лимоните, портокалите и другите цитрусни овошја им беа првиот избор, бидејќи оваа храна ја сметаа како богат извор на витамин Ц и имаа право (портокалите, на пример, се одличен извор на витамин Ц).




Компирот како извор на витамини

Во последните неколку години, знаењето за храната и витаминот Ц се зголеми, а на списокот на намирници богати со витамин Ц се најде и една неочекувана намирница – компирот. Компирите, покрај витамин Ц, даваат и многу други хранливи материи и придобивки кога го јадеме.




„Истражувањата сугерираат дека компирот е еден од најхранливите зеленчуци споредбено со неговата цена (заедно со морковите), вклучувајќи калиум, влакна, протеини, витамини Ц и Е, калциум, железо и магнезиум“, вели Харбстрит.




Компирот е намирница која е една со највисоките нивоа на калиум, обезбедувајќи 15 проценти од дневната вредност по порција. Покрај тоа, тие имаат 7 проценти од дневната вредност на диетални влакна по порција.




„Ако сакате да ја зголемите содржината на растителни влакна во вашата дневна исхрана, компирот е еден од најдобрите извори на влакна“, додава таа.

Компирите со средна големина содржат 30 проценти од препорачаната дневна вредност на витамин Ц, што е 27 милиграми витамин Ц. Тоа е повеќе од содржината на витамин Ц во еден среден домат (27 проценти од препорачаната дневна вредност).




„Имаме тенденција да мислиме на нив како на намирници наполнети со јаглехидрати или скроб и затоа ги користиме ретко во исхраната, но компирот е неверојатно хранлив“.

Подеднакво важно, можете да најдете свеж компир со добра цена во текот на целата година или да уживате во неговите нутритивни придобивки во замрзната или дехидрирана форма.




СОВЕТ: Готвењето на излупени компири (во вода, печени во рерна или пржени како помфрит) предизвикува губиток на 40-45% од витаминот Ц. За разлика од лупениот, нелупениот компир губи само околу 7% со готвењето. Исто така, доколку сварениот компир го оставите во топлото тенџере уште еден час, тој ќе изгуби околу 70% од витаминот Ц.

Затоа, најдобро е компирот да го готвите заедно со неговата кора, бидејќи тогаш, речиси воопшто не се губи од драгоцениот витамин Ц, односно само 7 проценти, пишува НМД.мк

NMD.mk