Многумина се изненадуваат кога за време на пржењето ќе забележат дека од месото излегува некоја млечно бела течност, па се прашуваат што е тоа и дали е штетно да се јаде. Еве за то станува збор, пишува НМД.мк




Многумина ид нас месото го сакаат добро испечено или испржено, да биде ровко и меко, а однадвор да има вкусна и крцкава коричка. Приготвувањето на ваква совршена шницла месо или риба бара малку искуство.




Но, искусни или не, сите некогаш се изненадуваме од квалитетот на месото, па некогаш, колку и да сме се потрудиле околу него, тоа излегува жилаво и невкусно. Јасно е дека не секое месо е квалитетно, па затоа е препорачливо истото да се набавува од доверливи месарници.




Понекогаш се случува, додека го пржите месото, без разлика дали било свежо или претходно било замрзнато, да забележите како од него истекува белузлава течна супстанција, и никако да „исчезне“, односно не може да испари, а може да загори, пишува НМД.мк




За што всушност станува збор?

Овој проблем ќе го забележите доколку пржете свинска кременадла, говедско месо, понекогаш дури и пилешко бело месо, а љубителите на риба знаат дека ова е практично неизбежно да се случи доколку го подготвувате лососот во тава, па дури и во рерна. Ако уште имате дома и пребирливи деца, тие нема да бидат воодушевени кога ќе ја видат белата, речиси желатинозна смеса во својата чинија.




Тоа е албумин – протеин

Нутриционистите велат дека станува збор за албумин, протеин кој природно се наоѓа во месото и некогаш се сметал за многу важна состојка во исхраната на луѓето.




Сепак, од седумдесеттите години па до денес, направени се неколку студии кои покажале дека албуминот во к рвта не е толку важен параметар за да се утврди дали некој внесува доволно хранливи материи.




Албуминот ќе се намали во к рвта доколку имаме проблем со црниот дроб, срцето или сме имале некаква физичка тр-ума, како што е по-вреда или неодамнешна опера-ција. Овде, лабораториската анализа на к рвта ќе покаже дали е потребно да се зема оваа состојка дополнително.




Ако немате таков здравствен проблем, не ви е потребен „вишок“ албумин, но секако дека не е опас-но и доколку го јадете преку зготвеното месо.

Како да се отстрани?

Готвачите велат дека постојат неколку начини да се отстрани овој протеин, односно да не истекува од месото во вида на бела течност. Оставете го месото или рибата да се загреат на собна температура, и немојте да ги пржете директно извадени од фрижидерот.




Убаво исушете ги со крпа пред пржењето и не го пржете на премногу висока температура, па така, протеинот нема да излезе од месото или рибата. Значи, постојат начини да се намали екскрецијата на овој протеин за време на подготовката на храната.




Не е штетен, но, не ви е ни неопходен. Професионалните готвачи обично само го отстрануваат со шпатула додека го пржат месото.