Расте и на нашето поднебје, а постарите, особено познавачите на билките често велат: „Кога Бог го создавал овој свет, помислил на сè, па својата милост ја расеал низ целата планета.“

Секое растение, секое цвеќе, секоја и најмалата билка на нашата планета, е сакана од Бога и така е создадена со бескрајно значење кое човекот честопати не умее да го препознае.

Сè што е создадено е создадено за човекот, неговата кулминација во творештвото, така што секое растение е во служба на Божјата благодат. Така и жалфијата, која од многу одамна се вбројува меѓу најлековитите билки на планетата, е создадена да му служи на човекот и на Бога.

Одамна, луѓето едноставно го знаеле ова, а денес човекот преокупиран со непотребни работи се чини дека не ја гледа целосно вистинската реалност на нештата и вистинската реалност на Божјата благодат посветена на човекот преку природата и сè што го опкружува човекот.

Жалфијата е една од најлековитите растенија на нашата планета. Неговото латинско име – Salvia officinalis – потекнува од зборот salvare што значи спасување или лекување. Во гробниците на фараоните ова растение била главната состојка на мешавината за балсамирање.

Alan Levine / Flickr.com

Грчкиот лекар Диоскорид ја користел за лекување на многу болести како што се крвавење, треска, камења во уринарен тракт и неправилна менструација. Во времето на Карло Велики, жалфијата била засадена во секоја градина и се сметала за најлековито растение.

pixabay.com

Се користела за лекување на речиси секоја болест и затоа добила статус на света билка.

Лековити и активни супстанции: жалфијата содржи есенцијално масло, салвиол, салвен, тион, пинен, цинеол, борнеол, камфор, танин, горчливи материи, протеини, скроб, гума, потоа калциум оксалат, соли на фосфорна киселина, калиум и калциумови соли.

ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО

Жалфијата ја прочистува крвта, го поттикнува лачењето на слузта од органите за дишење и делува врз лачењето на слузта од желудникот, па болниот го враќа изгубениот апетит. При високо ниво на шеќер во крвта, се препорачува мешавина од еднакви делови жалфија и ајдучка трева.

Жалфијата не само што делува против воспаленијата во целиот организам, туку ги лекува и сите воспаленија на цревата, желудникот, црниот дроб, жолчката и уринарниот тракт. Чајот од жалфија е одличен за гаргара при катар на грло и ждрело при воспаление на крајниците и слузокожата во усната шуплина.

Жалфијата се користи во лекување на различни метаболички заболувања, влијае врз третманот на ревматизам и гихт, како и на низа симптоми и пречки кои се пропратни на овие состојби.

Чајот од жалфија е многу важен за мајките кои сакаат да престанат да дојат, бидејќи пиењето на овој чај при го намалува лачењето на млекото.

Чајот од жалфија, ако се пие почесто, го зајакнува целото тело, спречува мозочен удар и делува многу поволно при одземеност од веќе претрпен мозочен удар. Таа е единствена лековита билка покрај лавандата коеја помага при ноќно потење.

Ја лекува болеста која предизвикува ноќно потење, и со својата изненадувачка моќ ја елиминира слабоста поврзана со оваа болест.

Многу лекари се запознати со добрите својства на жалфијата: со најдобри резултати се користи за третмани на грчеви, болести на ‘рбетниот мозок, болести на жлездите, како и тремор/ треперење на екстремитетите. Во случаи на овие болести се пијат две чаши чај на ден во голтки.

Чајот има одличен ефект врз заболениот црн дроб, ја елиминира надуеноста и сите други заболувања поврзани со оштетен црн дроб.

Ја прочистува крвта, ја чисти слузта од респираторните органи и стомакот, го зајакнува апетитот и ги елиминира цревните проблеми и дијарејата. При каснувања од инсекти, се ставаат мелени листови од жалфија на местото на убодот.

За надворешна употреба, особено се препорачува чај од жалфија за воспаление на крајници, болка во вратот, гнојно воспаление на забите, воспаление на грлото и усната шуплина. Многу деца и возрасни би избегнале операција на крајниците доколку навремено го користеле чајот од жалфија.

Без крајници, кои како полицајци ги штитат и ги задржуваат токсините, сега тие директно дејствуваат врз бубрезите. Екстрактот од жалфија помага при крварвење и лабави заби, периодонтитис и чиреви на непцата. Се прави силен чај за гаргарење и се ставаат памучни облоги.

Чајот од жалфија се подготвува на следниот начин: 1-2 лажички жалфија се прелеваат со 200 мл топла вода и се опстава поклопено да отстои 10 минути. Чајот има прилично силен и малку горчлив вкус и може да биде непријатен за пиење.

pixabay.com

Но затоа, се пие во голтки, неколкупати во текот на денот. Жалфијата е дефинитивно растение кое како дар од Бога треба сите да го имаме во домашната аптека. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.

pixabay.com