Рецепт на Катица. Највкусната торта која се топи во уста како сладолед. Оваа торта е многу слоевита, а толку е вкусна што се јаде за 2 дена. Лесно се прави и може да се комбинираат состојките.

Често ја нарекуваат и дипломатска торта бидејќи е толку богата, а вкусот како да се излева во устата. Нема некој кој не му се допаднала тортава бидејќи е направена за сите вкусови.

Потребни состојки за кора: 7 белки, 170 г шеќер во прав, 100 г мелени ореви, 3 лажици брашно, пола лажичка прашак за печиво, млеко. Потребно е да ја дуплирате дозата на кората бидејќи се прават 2 кори за тортата.

За кремастиот слој: 1 л млеко, 14 жолчки, 10 лажици шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, 9 лажици брашно, 250 г масло или маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 г чоколадо, 150 г ореви, 100 мл млеко.

За шлаг: 150 мл млеко, 150 мл слатка павлака, 3 ќесички инстант ванила прашок за шлаг. Секако шлагот може да се направи и на друг начин, со белки или прашок за шлаг со млеко.

За подготовка на кремастиот слој: Во тенџере ставете повеќе од половина од млекото да зоврие, а од преостанатиот дел од млекото додајте го во садот со жолчките. Во овој сад додајте го и шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното.

Подготовка на кремот: Зовријте повеќе од половина млеко, а преостанатиот дел додајте го во жолчките заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното

Соединете ги сите состојки и направете ккалсичен крем. Откога ќе ги соедините сите состојки, додајте ги во тенџерето со зовриено млеко и мешајте со жица за матење околу 5 – 10 минути додека да добиете густ крем со убава жолта боја.

Соединете го кремот со зовриеното млеко на рингла и мешајте со жица за матење додека да добиете густа кремаста смеса
Соединете го кремот со зовриеното млеко на рингла и мешајте со жица за матење додека да добиете густа кремаста смеса

Тргнете го садот од рингла и покријте го со проѕирна фолија за да не се направи кора од кремот. За подготовка на кората е потребно да направите двојна доза во посебни два сада и два посебни плеха.

Тргнете го тенџерето од оган, а кремот покријте го со проѕирна фолија

Подготовка на кората: Користете плех со димензии 33×43 покриен со хартија или слична големина. Во тексот е опишана подготовката на една кора, но вие истовремено подготвувајте ја и втората кора на ист начин како првата.

Подготовка на кората. Дуплирајте ја дозата и истовремено подготвувајте две смеси за кори
Подготовка на кората. Дуплирајте ја дозата и истовремено подготвувајте две смеси за кори

Измешајте ги белките со миксер и постепено додавајте ги останатите состојки во садот со белките, додека цело време мешате со миксерот. Добиената смеса како шлаг разлејте ја врз плехот.

Убаво распоредете ја целата смеса по должина на плехот и убаво израмнете ја површината. Печете ги двете добиени смеси во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Потребно е кората да биде што потенка за повеќе да се вкусат кремастите слоеви.

Убаво распоредете ја добиената смеса на двата плеха, во што е можно потенок слој

Во меѓувреме изматете го кремот со миксер кој на почетокот го направивте за да ги разредите грутките, доколку се направиле. Во сад со масло или маргарин, додајте го шеќерот во прав и изматете ја смесата додека да добиете пенаста смеса.

Маргаринот и шеќерот во прав изматете ги, а потоа додајте ги во кремастата смеса

Оваа смеса префрлете ја во кремастата смеса и повторно измешајте за да ги соедините состојките. Во садот со мелени ореви додајте 100 мл зовриено млеко и малку промешајте.

1/3 од кремастата смеса одвојте ја во друг сад и измешајте ја со смесата од ореви и млеко

Одвојте 1/3 од кремастиот слој во посебен сад и во овој дел додајте ги мелените ореви со млекото. Промешајте ја смесата додека да добиете убав кремаст слој. Во преостанатата смеса од 2/3 додајте претходно стопено чоколадо и соединете.

Во преостанатите 2/3 додајте растопено чоколадо
Подготовка на шлагот

За подготовка на шлагот: Измешајте го млекото со благата павлака и додајте го правот за шлаг. Оваа смеса изматете ја со миксер додека да добиете шлаг.

Добиените кори кои претходно ги печевте е потребно да ги поделите на два еднакви дела и во двата плеха. Земете една кора и премачкајте ја со шлаг, еднакво распореден по целата должина на кората. Шлагот е потребно да го ставите во тенок слој.

Земете една кора и премачкајте ја со шлаг, подеднакво распореден по целата должина на кората во тенок слој

Потоа премачкајте со чоколадниот слој, па додајте друга кора која ќе ја премачкате со кремастиот слој од ореви. Убаво измазнете го овој слој.

Премачкајте со чоколадниот слој на површината и по страните

Кремастиот слој од ореви го употребувате цел на втората кора. Потоа ставете ја третата кора која ќе ја премачкате со шлаг и чоколадниот крем како првата.

Смесата од ореви и млеко премачкајте ја цела врз втората кора

На крајот се додава последната кора која ја премачкувате со остатокот од чоколадниот крем по површината на кората и од страните. Измазнете и распоредете го подеднакво чоколадниот слој кој го ставивте последен.

Третата кора премачкајте ја исто како првата

Додека премачкувате со чоколадниот слој помеѓу корите, може да премачкувате и по страните за да ви стигне за целата торта. Тортата е потребно да отстои во фрижидер неколку часа, а најдобро преу цела ноќ за да се стврдне.

Последната кора премачкајте ја со чоколадниот слој на површината и по страните

Украсувањето и декорацијата на тортата ги оставаме на вас, а кога ќе ја пресечете ќе видите колку декоративно изгледаат слоевите. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска