Home Рецепти Колач со нутела, лешници, наполитанки, чоколадо…направете ја во двојна доза зошто веднаш...

Колач со нутела, лешници, наполитанки, чоколадо…направете ја во двојна доза зошто веднаш ќе ја снема!

Фереро рочер колач, превкусен

Потребни состојки:

100 г путер/маргарин
100 г шеќер во прав
4 јајца
130 Менаж чоколадо
1 лажица какао
1 ванилин шеќер
70 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
½ лажичка прашок за печиво
½ лажичка сол
70 мл слатка павлака
130 мл млеко

за крем:

400 г нутела
400 г крем сирење
250 г сечкани лешници
100 г наполитанки

за глазура:

200 г Менаж чоколадо
200 мл слатка павлака

Постапка:

Со миксер изматете ги путерот и шеќерот заедно. Чоколадото растопете го на пареа. Во путерот додадете 4 жолчки, една по една, а потоа и малку разладеното чоколадо, какаото и ванилин шеќерот.

Брашното помешајте го со прашок за печиво, додадете го во смесата, па полека со лажица промешајте. Потоа додадете ја слатката павлака, млекото и цврсто изматениот снег од белките. Внимателно промешајте со лажицата за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушесто.

Испечете ја кората во плех обложен со хартија за печење на 180 степени околу 30 минути. Готовата кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја надолжно и спремете ја за филување.

За крем: изматете го крем сирењето, додадете нутела, сечкани лешници и издробени наполитанки.

Се филува тортата и се прелива со чоколадо. Се загрева слатката павлака, се трга од оган и се додава чоколадото. Полека се промешува и се прелива преку тортата. Се украсува по желба.

Совет: јас оваа торта ја правев во двојна доза, бидејќи е превкусна, не е премногу склатка а преполна е со чоколадо. Мој совет за сите кои ќе се одлучат да ја направат, е да ги удвојат состојките, зошто се јаде додека трепнеш и не останува за после. Поздрав!