Денес е голем празник за православните христијани, и иако во верскиот календар не е бележан со црвени букви, сепак се смета за еден од најголемите женски празници, па исто како за Света Петка и Огнена Марија, не треба ништо да се работи дома ниту на нива.




Со огнот пpжи Огнената Марија, со громови yдиpа Свети Илија, а со мир ги мири Миросната Марија. Блага или Блажена Марија спаѓа во празници кои не го менуваат датумот.




Исто како и во деновите на Огнена Марија и Трнова Петка, на празникот на Блага Марија домаќинките треба да одмораат. Кај народот постои верување дека не е добро да се работи било што низ куќа или на полето, за да не се навреди светицата.




Од друга страна, се верува дека добрите и чесни жени кои живеат исправен богоугоден живот, секогаш, но особено на денешниот ден, имаат огромна заштита од оваа светица, Благата Марија.




Народот верува дека ако на нејзин празник жените отидат во црква и ако и се помолат и запалат свеќа, можат да бараат исполнување на една искрена желба, а доколку се со чисто срце, светителката нема да ги одбие.




Во житието Марија Магдалина се споменува како мироносителка равноапостолска, а родум е од Магдала, горниот предел на Сирија, по што го добила прекарот Марија Магдалина.




Во својата младост била грешница, но самиот Исус Христос ја избавил од гревовите, а подоцна станала негова ученичка, го следела насегаде и ги слушала сите негови проповеди.




Заедно со Пресвета Богородица тагувала под распетието Христово и трипати го посетила неговиот г роб. Според евангелието, после воскреснувањето Господ и се прикажал двапати.




Во преданијата се тврди дека заминала во Рим и сведочела за Неговото воскресение, па на царот Тибериј му дарувала црвено вапсано јајце со зборовите „Христос воскресе!“ Се верува дека обичајот за вапсање црвени јајца е поврзан со овој настан.




Пред него го обвинила Понтиј Пилат, римскиот прокуратор во Јудеја, дека неправедно го осyдил Исус Христос, по што овој бил преместен во Галија, каде за кратко време тешко се разболел.




Од Рим Марија Магдалина заминала за Ефес каде му помогнала на Свети Јован Богослов во проповедањето на евангелието. Тука мирно се yпокоила, а подоцна нејзините мошти биле пренесени во Цариград. Се смета дека Блага Марија е сестра на Свети Илија.