Бисквитни монте коцки готови додека го испиете утринското кафе – се топат во уста

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)

Уживајте во прекрасните МОНТЕ коцки приготвени според рецептот на нашата драга пријателка Beti Josi. Како и сите други нејзини рецепти, така и овој, е едноставен и брз, но со неодолив вкус.

Потребни состојки:

Околу 300 г бисквити (за тава 20х30)
400 мл слатка павлака + течен чоколаден прелив за украсување

За ванила фил:

Loading...

500 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
100 г бело чоколадо
100 г маргарин

За чоколаден фил:

500 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од чоколадо
100 г чоколадо
100 г маргарин

Постапка:

Филовите се спремаат класично како и пудинг кремовите. Во дел од млекото се раствора пудингот, остатокот се загрева, па се додава растворениот пудинг и се вари со мешање до згуснување.

Во жешкиот пудинг прво се додава чоколадото искршено на коцки, па потоа и маргаринот и убаво се меша до кремаста структура.
Во тавата на дното се редат бисквитите и врз нив се истура прво ванила кремот (топол).

Додека се загрева млекото за следниот пудинг, се мати слатката павлака.
Половина од неа се премачкува врз ванила филот, па врз неа се редат повторно слој бисквити, над нив доаѓа чоколадниот фил, па остатокот од павлаката.
Со чоколадниот прелив шараме врз шалгот од слатка павлака за украсување и дополнителен вкус на тортата.

Додека ја спремате тортата ќе си сварите едно кафе во поголем филџан. Откако ќе ја изматите павлаката и скоро во исто време сварите и чоколадниот пудинг, кому нема да дозволите да фати кора одозгора, ќе седните на една кратка пауза и додека е уште жешко кафето ќеиспиете помалку од половина.

Тоа е отприлика доволно време (ако не е многу жешко времето) ванила кремот да фати кора и да подолади за да можите да мачкате од слатката павлака. Остатокот од кафето ќе го испиете со паузата пред премачкување на вториот дел од слатката павлака, чекајќи да подолади и фати кора чоколадниот дел.

Штом е готова тортата, веднаш превец во фрижидер на ладење барем неколку часа пред да послужите или ставете ја во замрзнувач.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)

Loading...