Нова ХИТ диета во светот: Топи 10 кг за две недели, се јаде на три часа, основа на исхраната е леб

За некои од нас кои не можат да си го замислат животот без тесто, “добрите” научници во далечниот Израел ја осмислиле “ЛЕБ ДИЕТАТА”, со чија помош за само две седмици може да стопите неверојатни 10 килограми!

Еве што треба да знаете пред да ви го претставиме овој режим на исхрана:

Научниците од Израел под раководство на познатата нутриционистка Олга Рез-Каснер, велат дека со редовен внес на јаглени хидрати како што се наоѓаат во лебот, во комбинација со немасно сирење и овошје, го неутрализираат чувството на глад и помагаат побрзо да ослабеме.

Исто така, овој начин на исхрана е корисен за дијабетичарите, бидејќи ја елиминира желбата за слатки, го намалува холестеролот, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Loading...

Во основа диетата се состои од две етапи. Заедничкото кај двете етапи е дека цело време треба да пиете многу вода, минимум по 7 чаши дневно. Дозволено е да се пие кафе и природен сок, но разумни количини. Во текот на диетата не е лошо да се земаат калциум и мултивитамини како суплементи, бидејќи не се содржани сите групи храна.

ПРВА ЕТАПА

Во текот на првата етапа од оваа диета, секојдневно треба да се консумира по 7 до 12 мали парчиња леб, без разлика за каков вид леб ќе се одлучите. Приближно нормата е половина парче (кришка) од машински сечениот леб (значи, вкупно 4-6 парчиња).

За мажите овој број е од 12 до 16. Лебот можете да го мачкате со ситно сирење/младо сирење или многу тенок слој путер.

Оние кои јадат месо, дозволено е тенко парче риба, шунка или пршута.

За жал, слаткото е строго забрането, но наместо тоа може да се јаде секаков зеленчук, само да не содржи скроб. Дозволени се 3 јајца вкуспно во текот на една седмица. Секој ден треба да внесете и по 200 г кисело млеко.

Трипати седмично се јаде риба или месо со динстан зеленчук. Меѓутоа, тој ден кога ќе јадете месо, намалете го лебот на 4 парчиња.

Секој ден треба да изедете и по едно јаболко. Треба да јадете на секои три часа. Првата етапа трае седум дена/една седмица.

ВТОРА ЕТАПА

Во текот на втората седмица лебот можете да го замените со варени мешунки и шолја варени макарони. Дозволено е да консумирате и варени овесни снегулки, хељда, ориз и варен компир.

Консумирањето на зеленчук не е ограничено. Се продолжува со консумирање по 200 г кисело млеко секој ден. Двапати седмично е дозволена риба и пилешко бело месо. Јадете на секои 3 или 4 часа. Идејата на оваа етапа е да ја сочувате тежината после брзото симнување на килограмите од првата етапа.

Loading...