Пишува билкарот Мартин Најдовски.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Смрекинки/Клека/Смрека (lat. Juniperus communis)
Клеката е повеќегодишно зимзелено растение. Обично расте на повисоките места како што се планини и ридови.

Постојат две сорти на Клека и тоа црвена и сина.
Во народната медицина се употребуваат и двете, но црвената е нешто поретка за употреба. Клеката содржи етерично масло кое е многу лековито.

Ова растение е антивирусно и антибактериско. За време на црната чума, клеката била употребувана како средство за поништување на истата. За време на војните, Германците на нашата територија ги сечеле Клеките, цело дрво и ги ставале во казани за да приготват чаеви, притоа никогаш не се соочиле со настинки или грип.
За приготвување на лековити препарати се користат плодовите.

Клеката има диуретично својство со тоа го намалува високиот крвен притисок, ги чисти уринарните патишта и ги чисти бубрезите. Етеричното масло на клеката помага за респираторниот систем, го поттикнува искашлувањето на слузта, ја смирува кашлицата.

Успешно лекува бронхит, пневмонија и проблеми со белите дробови.
Луѓето кои имаат проблеми со подуеност или проблеми со варењето, клеката е одлична за забрзување на метаболизмот, го подобрува варењето и севкупно делува на цел дигестивен тракт.

Кај луѓе што имаат проблеми со желудникот, како што е вишок киселини, клеката одлично го решава тој проблем.Кај мажите помага за проблеми со простата.
Србите многу ја користат клеката за приготвување на познатата ракија “Клековача” која ја прават од бобинките закиснати во ракија.

Во форма на чај за пиење или надворешни облоги, одлично лекува болки во зглобовите, реума и артрит.

Црвената клека се користи многу поретко, и се користи за реума и гихт.
Не се препорачува за трудници и доилки и за луѓе со воспаление на бубрезите односно осетливи бубрези.

Лек за сузбивање вируси и бактерии

100 грама зрна клека (сина)
100 грама мед
100 грама путер

Клеката се меле на машинка за кафе. Сето заедно се измешува и секое утро на гладно се зема по 1 кафено лажиче, 30 минути пред јадење.

Други рецепти:

1.Чај: 1 кафена лажичка бобинки се толчат, се попаруваат со 250мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин па се пие по 2 шолји дневно. Не се препорачува да се пие повеќе од 1 месец во континуитет. Најдобро да се пие 7 дена па пауза од 2-3 и повторно така.

2.Тинктура: 50 грама клека на 500 мл ракија домашна се закиснува. Стои 21 ден со секојдневно протресување, се цеди и се пие по 10-15 капки 2 пати дневно, разматени во вода или чај.

3.Тинктура за премачкување на зглобови, ревматични места и болки: 100 грама клека на 1 литар ракија. Стои 21 ден, се процедува па болните места се мачкаат 2-3 пати дневно.

4.Лек против сите вируси и бактерии:

100 грама клека бобинки мелени
100 грама мед
100 грама путер
Се се измешува па секое утро на гладно се јаде по 1 лажиче, 30 мин пред појадок 1 дневно.

5. Kлековача: 100 грама клека, 1 литар ракија и 1 супена лажица шеќер. Стои 21 ден, се цеди и се пие по ракиска чашка.

6.Против главоболки: неколку зрна клека се толчат па се ставаат на крпа и крпата како облога се става на главата.

7.За болести на црн дроб, водена болест и јакнење на нервите: секое утро 1 час пред појадок треба да се изџвакаат 3-5 клекови бобинки.