Името на оваа моќна билка и најдобар антиоксидант е босилек – крал на билките. Босилекот е една од прастарите и популарни билки која изобилува со фитонутриенти. Се одгледува како зачинска билка, поради неговите лековити листови и семе.

Најдобро успева во топли, тропски клими, а експертите велат дека постојат повеќе од 60 познати видови на босилек и дека сите тие спаѓаат во три главни групи: сладок, виолетов и џбунест.

Оваа суперздрава билка многу лесно се одржува надвор и внатре, а младите пупки можете да ги поткаструвате веднаш штом се појават. Се потсекуваат под базата на листовите, близу дното на долгото и тенко стебленце и на тој начин билката се разгранува и згуснува.

Босилекот е најдобар кога се користи свеж, има слатка арома и дава пријатен и вкус, а покрај тоа содржи и импресивен број на хранливи материи. Само две лажици босилек обезбедуваат 29% од препорачаната дневна доза од витаминот К кој е клучен за коагулацијата на крвта.

Босилекот е богат и со витамин А, бета каротен, кој е моќен антиоксидант кој ги штити клетките од слободните радикали. Спречува таложење на холестеролот, појава на атеросклероза и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Други витамини и минерали во босилекот се железо, калциум, магнезиум, витамин Ц и калиум. Босилекот исто така има антибактериски својства и содржи флавоноиди кои ја штитат ДНК.

Неверојатни лековити својства на босилекот:

-моќен антиоксидант
-дава одлична заштита од бројни хемикалии кои предизвикуваат карциногенеза
-природен антибиотик
-босилекот е многу силен природен антибиотик поради своето антимикробно својство. Во комбинација со лукот претставува најмоќен природен антибиотик.
-ги прочистува крвните садови
-многу е добар за чистење на артериите од холестерол

Оваа супездрава билка исто така, е одлична за третирање и превенција на многу здравствени проблеми како главоболка, дијареа, запек, кашлица, паразити, брадавици, заболувања на бубрезите.