Рецепт и видео презентација на BreaD – Песок торта готова за половина час. Без печење, без миксање. Иако можеби ви звучи нестварно за една ваква вкусна и раскошна по вкус торта, сепак направете ја и уверете се.

Зошто да чекате да се олади кремот, па дури потоа да го пставите путерот и тоа претходно пенасто измиксан со шеќерот во прав? Цела таа процедура е непотребна! Во врелиот пудинг веднаш ставете го путерот, поделете го на три дела.

Потоа само уште останува да ги додадете ги останатите состојки и редете ги слоевите на тортата. Овој рецепт можат и деца да го прават. А се добива една многу фина и обилна торта. Торта која ќе ја приготвувате многу брзо, без употреба на миксер и рерна, а сигурно че ја правите и многу често.

Потребни состојки: 1,5 литар млеко, 6 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 250 г путер, 300 г кокос (1.фил), 300 г мелена плазма, (2.фил), 200 г чоколадо (за 3.фил), 200 г мелени ореви (за 3.фил) и за декорација шлаг или по желба.

Постапка: Шест пудинзи од ванила помешајте ги со 250 г шеќер и малку млеко одземено од вкупното, 1,5 литар млеко. Промешајте добро за да се растопи шеќерот и да нема грутчиња од прашокот за пудинг. Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете 2 кесички ванилин шеќер и промешајте.

Кога млекото ќе зоврие, постепено додадете ја разматената смеса и постојано мешајте на намален, тивок оган, додека убаво да згусне смесата. Откако ќе се свари пудингот, додека сè уште е врел, во него додадете 250 г исечкан путер и промешајте за да се растопи и соедини со пудингот. Добро измешајте за да добиете мазен крем.

Пудингот веднаш поделете го на три еднакви делови, во различни садови. Двата сада покријте ги со фолија или повремено промешувајте ги за да не фатат коричка. Во првиот дел додадете 300 г кокосово брашно и промешајте да се изедначи смесата.

Во вториот дел промешајте 300 г мелени бисквити и промешајте за да се изедначи и оваа смеса. Во третиот дел додадете 200 г растопено чоколадо (промешајте) за да добиете изедначен кафеав крем, а потоа додадете и 200 г мелени ореви. Убаво промешајте до изедначување.

Редење: на дното од калапот прво нанесете го филот со кокос, рамномерно распоредете и израмнете, како втор фил распоредете ја мешавината од пудинг и бисквити. А на крај, рамномерно распоредете го чоколадниот фил и израмнете.

Оставете ја тортата во фрижидер 2-3 часа за да се стегне. Потоа извадете го обрачот и декорирајте ја со шлаг или по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.