Беќарски коцки, многу вкусен старински колач

Фото и рецепт: Сибинка

Овој прочуен старински колач е еден од најубавите “ситни колачи”, идеален за слави, родендени и други празници.

Потребни состојки:

4 помали обланди (или 2 големи, па преполовете ги)

I ФИЛ:

Loading...

200 г суви смокви
100 г суво грозје
1 постокал – сол
50 -100 г шеќер во прав по вкус

II ФИЛ:

200 г мелени ореви
100 мл врело млеко
100 г шеќер во прав
1 лажица рум

III ФИЛ:

4 жолчки
100 г шеќер во прав
½ лимон – сок
150 г путер/маргарин

За глазура:

100 г чоколадо за готвење
10 лажички масло

Постапка:

Прв фил: Смоквите, сувото грозје и сокот од портокали сомелете ги, па на крај додадете шеќер.

Втор фил: Измешајте го врелото млеко со ореви, шеќер и рум.

Трет фил: Жолчките изматете ги со шеќерот и сварете ги на пареа додека да згуснат како крем, па тргнете од оган и оставете да излади. Потоа додадете сок од лимон и изматен путер.

Редење: обланда – 1.фил – обланда – 2.фол – обланда – 3.фил – обланда.

Оставете малку да се стегне па потоа прелијте ја со глазура.

Напомена: Во филот со смокви ставете шеќер по вкус. Јас ставив 50 г зошто сувите смокви беа доста слатки, а вие ставете по сопствен вкус.

Фото и рецепт: Сибинка

Loading...