Одлична алтернатива за тирамису!

Потребни состојки: 250 мл слатка павлака, 500 г маскарпоне (свежо кремасто кравјо сирење), 100 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, неколку капки лимонов сок, 250 мл ладно кафе (инстант или турко или по желба), 400 мл амарето ликер (или рум ако немате амарето или друг ликер), околу 60 пишкоти, какао за наросување на тирамисуто

Постапка: *маскарпоне е свежо кравјо сирење со млечни масти од 60-75%. Се добива од кисела павлака, има бела до кремасто жолта боја, мек, сладок, компактен и лесно се размачкува. Во претходно свареното и изладено кафе додадете амарето ликер.

Слатката павлака изматете ја со постепено додавање на шеќерот во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.

Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсија. Може и само да ги наредите, па потоа одозгора со лажица да ги натопувате. Потоа премачкајте ги со крем, па повторно пишкоти итн. Завршете со крем и одозгора наросете какао.

Оставете го тирамисуто преку ноќ да се стегне и пишкотите убаво да омекнат.