Сте се најале лук, а гумата за џвакање не помага: Еве што треба да направите за да не ви cмpди од ycта

И покрај тоа што е многу здрав и вкусен, многумина одбегнуваат да го јадат лукот, токму поради неговиот мирис кој особено се чувствува после неколку часови кога ќе се свари и метаболира.




Кај нас особено е познато Охридското макало или мајонезот од лук кој вообичаено се послужува како прилог во рибните ресторани, меѓутоа многумина домаќинства си го приготвуваат како намаз, бидејќи има неодолив вкус.




Ако не сте го направиле досега, веднаш запишете си го, затоа што бројни читатели на НМД.мк го направија и беа воодушевени од неговиот вкус. За да го приготвите ќе ви бидат потребни следните состојки: 4 главици лук, 1 лажичка сол, 150 мл вода, 500 мл масло, ½ лимон – сок. Додатоци: печени и толчени ореви, оригано, сечкани маслинки




Постапка: лукот убаво исчистете го, а потоа ставете го во блендер заедно со една лажица сол и 150 мл вода, па убаво сомелете го. Може и да се истолчи. Потоа постепено, капка по капка, во многу тенок млаз се додава 500 мл масло и сок од половина лимон. Постепено се обработува/блендира додека да се згусне, за што е потребно доста време.




На крај добиената смеса по желба можете да ја поделите, па во едниот дел да додадете печени толчени ореви, а во друг дел да ставите оригано или ситно сечкани маслинки. Откако ќе го направите макалото и добро ќе се најадете, сепак после него останува мирисот…




Можеби вечерта имате состанок на кој сте заборавиле, а гумите за џвакање не помагаат. Но, постојат некои работи кои можат да помогнат, па затоа не грижете се премногу. Добро би било веднаш да почнете со пиење на доста вода, за да ви биде хидрирана устата.




МАГДОНОС. Ситно исечкате магдонос и зачинете го со малку сол, маслиново масло и лимонов сок или балсамико. Може да додадете и рукола и свежа краставица. Важно е да изедете што повеќе свеж магдонос кој има својство да го неутрализира мирисот на лукот.




МОРКОВ ИЛИ ЦЕЛЕР. Може да делуваат како замена за четкање и чистење на устата од остатоци од храна, а кои можат да предизвикаат лош здив. Нивната вистинска сила всушност се крие во поттикнувањето на производство на плунка. Плунката освен што содржи ензими и има задача да ја натопува храната и да го започне нејзиното варење, исто така има функција и во прочистување на усната шуплина.




ЧАЈ. Освен што помага кај проблеми како што е сува уста, чајот исто така има и некои други својства кои го подобруваат здивот. За оваа намена, особено е добар зелениот чај кој е исклучителен антиоксидант.




ЈАБОЛКА. Јаболката содржат оксидирани полифеноли кои помагаат во неутрализација на мирисот кој произведува бактерии во вашата уста. Јаболката исто така можете да ги искомбинирате со магдоносот: едноставно изрендајте ги и додајте ситно сечкан свеж магдонос.




Една понова студија откри дека некои ензими во магдоносот помагаат за неутрализација на здивот од лукот. Исто така, доколку лукот го земате како терапија за регулација на притисокот или како заштита од настинки, можете да го јадете без џвакање, во комбинација со кисело млеко. Едноставно голтнете го како апче.

Претходна статијаБАМЈА СО ЈАЈЦА: Вкусно и здраво јадење, за 10 минути готово
Следна статијаТРИЛЕЧЕ: Чудо од колач кој се топи во уста, сочен, со домашен карамел