Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ. Тортичето го направив за внучето, излезе нежно и меко како памук а и многу вкусно. Сè беше готово за еден час.

Потребни состојки: 1 кг кајсии, 6 лажици шеќер, 1/2 ракиена чашичка рум, 1/2 ракиена чашичка вода, 5 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 14 лажици брашно, 1 пудинг од ванила, 1 прашок за печиво и 1 ванилин шеќер

Постапка: Исчистете 1 кг кајсии, исечете ги на парчиња, некои лупени, некои не.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Во тава на оган ставете 6 лажици шеќер да се карамелизираат, па додадете ги кајсиите и половина чашиче од ракија – рум, половина чашиче вода. Оставете само малку да се растопи шеќерот, па тргнете од оган.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Во вангла изматете 5 јајца со 12 лажици шеќер, па додадете 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 14 лажици брашно, 1 пудинг од ванила, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Тавата во која ќе го печите колачот намастете ја со малку масло и поросете со брашно.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Излејте ја едната половина од пандишпанот и ставете да се пече во загреана рерна колку да фати коричка. Извадете ја и премачкајте ја со карамелизираните кајсии, па одозгора прелијте го вториот дел од смесата за пандишпан.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Вратете во рерна да се допече.
Печениот колач оставете го да излади малку, па исечете го на коцки и одозгора наросете шеќер во прав.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ