Фото и рецепт: Ditka Cavlevska – За Бадник се прави посно лепче. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г просеано брашно,
1/2 коцка свеж квасец претходно активиран,
1 лажичка сол,
1 лажичка шеќер,
малку сув босилек,
малку крстена вода,
50 мл масло,
млака вода по потреба (околу една чаша).

Постапка:

За Бадник се прави посно лепче. Се активира квасецот во млака вода со малку шеќер и брашно, па од состојките се замесува меко тесто. Се остава на топло да ферментира околу 45 минути, потоа нежно се премесува, па се остава уште еднаш да стасува.

Формирајте го лепчето и декорирајте го со форми по желба, покријте го со крпа во обложениот со хартија или набрашнет плех да одмори малку пред печење за да стаса. Премачкајте го со маслиново масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Фото и рецепт: Ditka Cavlevska