Апсолутен хит на сите родендени: најдобрата МИЛКА торта која сум ја пробала

Потребни состојки:

Кора: (х3)

3 белки

3 лажици шеќер

50 г мелени лешници или ореви

½ лажица брашно

за крем:

1 литар млеко

9 жолчки

100 г шеќер

3 лажици брашно

3 пудинг од ванила

300 г млечно чоколадо со сечкани лешници

300 г бело чоколадо

250 г путер или маргарин

500 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

За кори: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Со лажица додадете го брашното и мелените лешници. Испечете ги корите на 180 степени.

За крем: жолчките, шеќерот, брашното и пудинзите сварете ги во млекото и кремот поделете го на два дела.

Во еден дел додадете чоколадо со лешници, а во друг бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото да се растопи.

Кога кремите ќе изладат, во секоја додадете половина путер пенасто изматен, па премачкајте ги корите. Украсете по желба.

Претходна статијаРасцветани погачици – меки како душа
Следна статијаБрзо ароматично предјадење со јајца – готово за 5 минути!