-Која храна ја спречува, а која ја подобрува апсорпцијата на ЖЕЛЕЗО во организмот?

Дневно, нашиот организам апсорбира околу 10 милиграми, што пак е околу 10 проценти од вкупното железо кое се внесува преку храната.

Намирници кои се богати со железо се:

Месо, риба, црн дроб, јајца, цвекло, леќа, спанаќ, грашок…

Значајно е да се истакне дека 85 проценти од железото кое го внесуваме во организмот е таканаречено – нехемиско железо, односно тоа е железото кое се внесува преку растителните и млечните производи.

Останатите 15 проценти отпаѓаат на хемиското железо, кое го примаме преку рибата и месото.

Важно е да се напомене дека хемиското железо има два до три пати поголема апсорптивна моќ од нехемиското железо, па така, доколку е пореметена рамнотежата во исхраната може да настане анемија.

Ќе напоменеме дека супстанци кои ја поттикнуваат апсорбцијата се витаминот Ц и цитратите, но има и инхибитори, кои ја оневозможуваат апсорпцијата, а тука пред се треба да се спомене кофеинот.

Па така, кога е присутна анемија и кога додаваме одредени суплементи во исхраната за покачување на железото, треба да се внимава, да не се комбинираат суплементите или храната богата со железо заедно со инхибиторите како што е кофеинот, целулозните влакна и.т.н.

Можеби е најдобро железото, доколку се внесува како суплемент, тоа да се прави навечер, два до три часа по последниот оброк.

Која храна ја спречува:

1.     Млеко – протеинските агрегати значително го намалуваат доставувањето на железо во крвта. Кравјото млеко содржи мали количини на железо, но неговата апсорбција е многу лоша. Карбонатите и фосфатите од млекото исто така претставуваат пречка во апсорбцијата.

2.     Црвено вино, кафе, чај – танините од чајот и кафето, како и танините од црвеното вино го блокираат искористувањето на железото. Имено, виното содржи одредено ниво на железо, но уште поголема количина танини кои ја оневозможуваат неговата искористливост, но и искористливоста на железо од целиот оброк. Па така, онаа изрека – виното ја зајакнува крвта – не важи кога страда од анемија, за жал.

3.     Производите од соја – протеините од соја.

4.     Оксатите, фосфатите и полифенолите од зеленчукот – со железото градат нераскинлива врска, поради која нема апсорпција на железото.

5.     Житарките со цело зрно – фитатите од житарките со цело зрно ги врзуваат минералите, па и железото, градејќи нераскинлива врска.

Која храна ја подобрува апсорпцијата:

1.     Витамин Ц – покрај бројните функции, ја има и оваа. (Присутен во агрумите како: лимони, портокали и други цитруси, пиперки, брокула, спанаќ, компир…).

2.     Шеќери и аминокиселини – фруктозата и одделните аминокиселини ја подобруваат апсорбцијата. (Присутни во: овошје, зеленчук, мисиркино месо, домашни јајца, јаткасти плодови, чиа семе, тиква и семки од тиква…).

3.     Фолна киселина – нема директна поврзаност со железото, но го помга создавањето на црвените крвни зрнца (присутна е во темно зелениот лиснат зеленчук, помеѓу останатото, аспарагус, брокула…).