Крвотокот претставува “сообраќајна мрежа” на телото. Основна задача е хранливите состојки и кислородот да ги транспортира со сите органи и ткива, срцето и мозокот, мускулите, кожата и сите останати делови од телото. Здравата исхрана е еден од начините за оптимизација на циркулацијата, односно протокот на крвта низ телото.

Во комбинација со вежбање, хидратација, контролирање на телесната тежина, а со одрекување на лошите навики како што се пушењето, некои намирници можат да помогнат во подобрување на циркулацијата. При следната набавка на намирници, обидете се малку подолго да се задржите пред полиците кои ги содржат следните намирници.

I Алева пиперка – оваа жар црвена пиперка е повеќе отколку зачин. Им помага на артериите да се одражат во добра здравствена состојба. Исто така, ги опушта мускулите на кр-вните садови, со што се олеснува протокот на кр-вта и на тој начин се регулира и притисокот.

II Цвекло – ова коренесто растение е богато со нитрати кои понатаму телото ги птретвора во азотен оксид. Помага во природно опуштање на крвните садови и во подобрување на протокот на кр-вта во ткивата и органите. Истражувањата покажале дека сокот од цвекло помага во намалување на систолниот “горен” притисок кој е прикажан со првата бројка и претставува притисок после контракција на срцето.

III Бобинки – Во бобинки спаѓаат плодовите на јагоди, боровинки, брусница, капина, мазлини, рибизли, а сите тие се богати со антиоксиданти, вклучително и оние кои се посебно добри за кр-вните садови: антоцијаните. Тоа се соединенија кои на црвената и виолетовата боја им даваат подлабока нијанса.

Антицијаните ги штитат ѕидовите на артериите од оштетувања и спречуваат нивно окрутување. Исто така, антоцијаните поттикнуваат ослободување на азотен оксид, што помага во намалување на крвниот притисок.

IV Масна риба – Ако сте се прашувале зошто рибата е добра за срцето, еве објаснување. Масната риба како што е лососот, скушата, пастрмките, харингата, како и морските плодови, преполни се со омега-3 масни киселини.

Студиите покажуваат дека овие соединенија ја поттикнуваат циркулацијата. Консумирањето на риба помага во одржување на кр-вниот притисок на оптимално ниво и спречува затнување на артериите.

V Калинка – Ситните сочни црвени семки во внатрешноста на калинката полни се со хранливи состојки, особено антиоксиданти и нитрати. Тие можат да ја подобрат циркулацијата, ги шират кр-вните садови и го намалуваат кр-вниот притисок.

Ова овозможува да се испорача поголема количина кислород и хранливи состојки до мускулите и другите ткива. Ова е особено значајно за оние кои активно се занимаваат со спорт, бидејќи поголемиот проток на крвта помага во подобрување на перформансите.

VI Лук – Легендата вели дела лукот нè чува од вампири, додека медицината има утврдено дека тој содржи сулфурно соединение наречено алицин, кое им помага на кр-вните садови да се релаксираат. Студиите покажуваат дека кај луѓето кои јадат храна богата со лук, кр-вта тече поефикасно. Срцето не мора толку “напорно” да работи за да ја пумпа крвта низ телото, со што се помага во намалување на кр-вниот притисок.

VII Ореви – Овие збрчкани јатки се богати со алфа-линоленска киселина, вид омега-3 масни киселини, која и помага на кр-вта непречено да се движи. Истражувањата покажале дека со редовно консумирање на оревите во траење од 8 седмици, се подобрува здравјето на кр-вните садови, помагаат да останат еластични и го намалува кр-вниот притисок.

VIII Грозје – Ќе помогне вашите артерии да бидат здрави и ќе го подобри протокот на крвта – а дополнително, многу е вкусно. Студијата открила дека антиоксидантите во грозјето ги поттикнуваат кр-вните садови да се опуштат и да функционираат поефикасно. Покрај тоа, грозјето ги спречува воспалителните и другите молекули во крвта кои можат да ја направат “леплива”, што ја успорува циркулацијата.

IX Куркума – Златножолтиот зачин кој е познат по своите антиинфламаторни својства во голема мера поради куркуминот, соединение по кое оваа билка го добила своето име. Истражувањата покажуваат дека куркуминот може да го зголеми производството на азотниот оксид кој ги шири кр-вните садови, што го олеснува протокот на кр-вта до мускулите и другите ткива.

X Спанаќ – храна која е богата со нитрати како што е спанаќот, ја подобрува циркулацијата. Овие соединенија помагаат во ширење на крвните садови и со тоа прават поголем простор за движење на кр-вта. Исто така, исхраната богата со спанаќ помага во одржување на еластичноста на артериите и го намалува кр-вниот притисок.

XI Цитруси – Витаминот Ц не е единствена значајна компонента на овошјето од родот на цитрусите, односно агрумите. Антиоксидантите кои се наоѓаат во ова овошје можат да делуваат противвоспалително.

Спречуваат создавање на кр-вни згрутчувања и ја подобруваат циркулацијата. А доколку сте љубител на портокалите, вие сте вистински среќник, бидејќи истражувањата покажале дека пиењето на овој сок го намалува кр-вниот притисок.