Активирајте ги хормоните и ослабете без диети, додека седите и одморате

Стопете ги вишокот килограми без диета, додека седите и одморате.

Губитокот на тежината за некои луѓе е многу тешка задача и збунувачка загатка, но ако успеете да ги активирате хормоните кои влијаат врз процесот на слабеење, за кратко време ќе можете да ја решите таа загатка.

Loading...

Хормоните се одговорни за регулирање на нашата телесна тежина, а ние ви откриваме 6 начини како без диета да ги активирате хормоните кои влијаат врз метаболизмот.

1.НАМАЛЕТЕ ЈА ЖЕЛБАТА ЗА ХРАНА

Некоја храна едноставно повеќе не заситува од останатата. Хормонот кој е заслужен за регулирање на тежината кој е одговорен за чувството на ситост, се нарекува лептин. А храната пак, која е богата со протеини е одличен начин да го нахраните своето тело и да го активирате лептинот за подолго време да чувствувате ситост. Лептинот му говори на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете со јадење.

2.ИЗГРАДЕТЕ МУСКУЛНА МАСА

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас може да биде клучот за губиток на килограмите. Хормонот тестостерон е присутен и кај мажите и кај жените, а неговото ниво можеме да го зголемиме со вежбање во теретана.

Колку е повисоко нивото на тестостерон, толку полесно ќе ослабете, бидејќи мускулите согоруваат масти. Дигајте тегови според вашите можности со доволен број повторувања додека не почувствувате дека мускулите ви горат, па брзо ќе ги забележите резултатите.

Ако немате тегови, овој хормон можете да го активирате ако дигате полни тоби со намирници, некој пакет, шишиња со вода..

3.НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ПОЈАДОКОТ

Наутро, вие буквално ги активирате хормоните кои се одговорни за губиток на тежината со прекин на целоноќниот пост. Додека спиете, вашето тело е во пост и согорува малку калории додека ги обработувате дневните информации преку соништа и сеќавања.

Срцевиот ритам и дишењето се спори, што значи дека и метаболизмот е спор додека одморате. За да го разбудите телото и да предизвикате скок на метаболизмот, започнете го денот со протеини од растително потекло, како и растителни извори на масти и јаглени хидрати. Не надминувајте повеќе од 800 калории и нека процентот на јаглехидратите во оброкот биде помал од однос на процентот од протеини и масти.

4.СОГОРУВАЊЕ НА МАСТИ ДОДЕКА СЕДИТЕ

Тироидните хормони кои влијаат врз губитокот на тежината ги произведува жлезда во облик на пеперуга сместена во грлото и се нарекува штитна или тироидна жлезда.

Истражувањето на дебелината со проучување на функцијата на штитната жлезда со мерење на тироидните хормони Т3 и Т4 кај дебели деца пред и после слабеењето, покажало дека и сосем мал губиток на тежина доведува до намалување на новото на хормоните Т3 и Т4.

Намалувањето на овие хормони доведува до поефикасен метаболизам и додека одморате, што води кон понатамошен губиток на тежина. Доволно е да изгубите 5 кг, за да ги активирате тироидните хормони и да продолжите со слабеењето.

5.ДОБАР СОН

Нивото на хормонот лептин кој е заслужен за чувството на ситост, зависи од тоа дали спиете 6-8 часови секоја ноќ. Ако немате квалитетен сон, нивото на лептин се намалува, па ќе добивате се поглема желба за храна и енергија за да го надокнадите недостигот од одмор.

Вашето тело заклучува дека ако сте уморни, тоа значи дека ви е потребна енергија во вид на храна, а нивото на хормонот лептин не е доволно висок за да му каже на мозокот дека всушност не сте гладни.

6.ЈОГА ДИШЕЊЕ

Фокусираното дишење кое го практикуваат јога мајсторите, го менува нивото на хормоните од надбубрежната жлезда, одговорни за слабеење. Студијата во која истражувачите барале од учесниците да дишат низ една ноздра додека другата ја држат затворена, 27 респираторни циклуси, повторувајќи го ова 4 пати дневно во текот на еден месец, се покажало дека кај сите учесници било забележано забрзување на метаболизмот и потрошувачката на кислород во текот на одморањето за 37%

Loading...