Ослободете се од воспаленото грло за само четири часови: направете си сами свој домашен препарат кој многумина го испробаа.

Природниот лек се приготвува од ким и им се препорачува на сите оние кои се склони на настинки и воспаление на грло и крајници.

Она што е најдобро, овој лекува многу брзо, па затоа штом почувствувате дека ве гребе грлото или се разбудите со отежнато голтање и чудно чувство во крајниците, не мислете се и направите го овој лек.

Потребни состојки:

80 г мелен ким
200 мл вода + 50 мл
1 лажица коњак или бренди

Постапка:

Кимот е најдобро да биде свежо сомелен. Прелијте го со водата и ставете го на оган, да врие на умерена температура околу 15 минути. Ќе добиете густа, растеглива смеса, слична на мелено кафе.

Процедете ја смесата низ цедалка, додадете 50 мл вода за да се разреди, па ставете повторно на огон, но само колку да зоврие еден “клуч”. Тргнете на страна и додадете една лажица коњак или бренди.

Од овој препарат консумирајте на секој половина час по една лажица. Прво подобрување ќе почувствувате веќе после два часа и полесно ќе голтате.

Овој лек им се препорачува на сите кои се склони на настинки и воспалено грло и крајници.

Кимот е зачин кој одамна го освоил светот како додаток во исхраната, но и како лековито средство за разновидни здравствени проблеми. Ова растение е едно од најраспространетите, најстарите и најпопуларните зачини. Источниот народ зборува дека кимот лечи се, освен смрт!

Маслото од ким ја поттикнува работата на желудникот и жолчката, а како зачин има корисен ефект врз апетитот и варењето на храната. Исто така, во библијата се спомнува кимот како составен дел на лебот кој спречува надуеност, помага во лекување на болести на белите дробови, стомакот и жолтица.

Во 100 г ким ги има следните минерални материи:

железо 16%
манган 7%
бакар 4%
калциум 4%
магнезиум 4%
фосфор 3%.

Лековити својства на кимот

Кимот претставува добар извор на железо, манган, како и други витамини и минерали. Некои истражувања покажуваат дека може да го стимулира производството на панкреасните ензими и да помогне во варењето на храната.

Железото е составен дел на хемоглобинот, кој го транспортира кислородот од белите дробови до сите телесните клетки и исто така е дел од клучниот ензимски систем за производство на енергија. Покрај тоа, кимот е особено важен и корисен за жените за време на менструалниот циклус кога се случува да изгубат дел од железото во организмот.

Плодот од ова растение, неговото семе и масло ја поттикнуваат работата на желудниот и жолчниот меур, делуваат смирувачки на цревата и ублажуваат грчеви. Кога се во прашање жените ги смирува грчевите во матката, ги олеснува пред породилните и породилните болки, а на доилките за време на доењето им обезбедува повеќе млеко.

Добри резултати покажува во лечењето на деца болни од бронхитис, астма и разни алергии, а исто така има позитивно влијание врз болестите на белите дробови, кожни болести и потешкотии предизвикани од астма. Помага во намалување на гликозата во крвта, холестеролот и триглициридите, а е доста корисен и за дијабетичарите.

Употреба на кимот

Најзначаен производ од кимот е маслото кое во себе содржи стотици активни супстанции. Се добива од зрели семки со ладно цедење. Лечи од болести на белите дробови, бронхијална астма, мигрена, спречува губење на косата и дебелина, ги отстранува симптомите на ревматизам, дијабетес, тешки воспаленија и висок крвен притисок.

Маслото од ким се препорачува како додаток во салати (особено како прилог на салати со цвекло, а може и со кисела зелка), исто така може да се додаде и пред крајот на готвењето, само не треба да се користи за пржење за да не се уништат лековитите материи.

Најефикасно е кимот да се консумира секојдневно како зачин или како чај. Кај заболувањата на дишните патишта, добро е чајот да се меша со мед.

Чај од ким против бронхитис и кашлање

Една лажица ким, една мала лажица камилица и пола лажица анасон измешајте во една шолја топла вода. Оставете го да отстои 10 минути, процедете го и пијте го неколку пати на ден.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица мелен ким, две издробени чешниња лук и две лажици мед. Секое утро на празен стомак се зема по една мала лажица од сирупот во период од три недели.