Еве како афричката љубичица постојано да ви буи со раскошни цветови

Раскажува Драгана од Kruna VD: Како постојано да цвета афричката љубичица

Ова се најважните трикови кои треба да ги знаете во врска со ова цвеќе. Иако можеби не ви делува, но оваа билка бара доста нега ако сакате постојано и богато да ви цвета.

Афричката љубичица спаѓа меѓу најчесто одгледуваните цвеќиња на нашите простори. Но за да напредуваат добро и постојано бујно да цветаат, потребно е да ги знаете овие неколку важни правила во врска со нивното одгледување.

ИЗБОР НА САКСИЈА

Loading...

При садењето на било која билка потребно е да се избере поголема саксија за да има доволно простор за раст и развој на коренот. Сепак кај љубичиците тоа е грешка.

Во голема саксија љубичицата буквално ќе се удави во коренот и ќе нема сила да развие ниту листови, ниту цвет. Подобро одберете саксија во која ќе и биде тесно, бидејќи на љубичицата тоа најмногу и одговара.

ПОЛЕВАЊЕ

Не би требало да се полева одозгора, бидејќи постои ризик од трулење, а идеално би било во земјата да вметнете дренажна цевка и преку неа директно да се полева коренот.

ЃУБРЕЊЕ

Речиси на секоја билка и е неопходно да се прихранува, а љубичиците едноставно ги обожаваат листовите од чај. Додавајте ги повремено во саксиите.

САКСИЈА СО ПОВЕКЕ ДУПЧИЊА

Љубичиците не сакаат многу влага, па затоа потребна е добра дренажа, а на саксијата да има повеќе дупчиња.

ХУМУС

Љубичиците не напредуваат добро во секаква земја. Најдобро е за нив земјата да ја купите од земјоделска аптека и да се измеша со обична земја во однос 1:1. Ваквата мешавина ќе обезбеди идеална температура и правилно ниво на влажност.

Ако ги следите овие совети, вашите љубичици ќе ви цветаат најубаво досега.

Loading...