Ако ве болат коските и ако сте многу уморни: Лек со кој ќе ја вратите силата и ќе го зајакнете организмот

Имате проблем со коските или често сте уморни? Во тоа може да ви помогне овој стар народен лек за кој се говори дека го користеле и самураите. За овој лек потребни ви се јајца и јаболкова киселина, кои се разбира, најдобро би било доколку се органски, односно домашни.

РЕЦЕПТ ЗА СИЛНИ КОСКИ

Измијте добро едно јајце и ставете го во чаша па дополнете ја со јаболкова киселина. Приближно ќе ви бидат потребни околу 150 мл оцет. Оставете да стои седум дена во фрижидер.

За тоа време ќе се раствори лушпата на јајцето и ќе остане само тенката мембрана која ги чува белката и жолчката. Искинете ја оваа мембрана и содржината од јајцето вратете го во оцетот и добро промешајте.

Од оваа смеса се консумира трипати дневно по 10 мл растворено во чаша млака вода. Овој лек е одличен за здравје на коските и дава сила и енергија. Така организмот може да ги искористи сите корисни минерали, витамини, протеини и калциумот од јајцето.

МАГИЧЕН ЛЕК ОД НАШИТЕ БАБИ: Ги подмладува коските, ги елиминира болките во грбот и зглобовите

Овој лек помага во лекување на артритис, остеоартритис, болки во грбот и сè што е поврзано со зглобовите, коските и мускулите. За овој лек се вели дека ги подмладува коските за 20 години. Значи, ако чувствувате тежина во нозете, болки во зглобовите, ако ве мачат болки во грбот и имате последици од стари повреди, направете го овој природен лек:

Потребни состојки:

300 мл алкохол 70%
100 мл повидон јод
10 таблети аналгин (30 мг)

Постапка:

Алкохолот измешајте го со јодот и додадете ги издробените таблети. Протресете и оставете на темно 21 ден. После тоа може да се користи во вид на облога или директно да се масира местото. Помага во лекување на артритис, остеоартритис, болки во грбот и сè што е поврзано со зглобовите, коските и мускулите.

СЛАТКА ИМУНОЛОШКА СМЕСА КОЈА ГИ ЛЕКУВА КОСКИТЕ И ЈА ПОДОБРУВА КРВНАТА СЛИКА

Потребни состојки:

200 г суво грозје
200 г суви кајсии
200 г суви смокви
200 г мелени или сечкани ореви
200 г мед или по потреба може повеќе
1 лимон со кора

Постапка:

Сите состојки сомелете ги со машина за мелење месо (или ситно исечкајте ги), додадете мед, промешајте и складирајте во тегли. Чувајте во фрижидер и консумирајте по 1 супена лажица, двапаи дневно, наутро на празен стомак и навечер пред спиење, со чаша топла вода или млеко.

За деца (не помлади од 3-4 години) по 1 мала лажичка, на ист начин. Се подобрува крвната слика, помага во обновување на коскената с’рж и целокупното здравје, особено за дигестијата.

Loading...
Претходна статијаОва е најдобриот рецепт за палачинки – не можете да погрешите со овој трик, меки се и не се лепат
Следна статијаРузмаринот помага за секоја болка, подобро од аналгетиците – само 2 состојки се доволни за да се спречи воспалението