Во Јапонија досега беа регистрирани 1.399 случаи на Ковид-19, забележани 47 смртни случаи, а 359 луѓе целосно се опоравиле.

Овие бројки со оглед на густината на населеност, фактот дека меѓу населението преовладуваат постари лица и блиските контакти со Кина, би требало статистички да бидат поголеми, пишува “Deutsche Welle”.

Она што би можело да придонесе кон ваквата состојба во Јапонија е нивниот начин на поздравување, а тоа е наклонот (поклонвање, наведнување при поздрав), а не ракување како кај нас. Токму тој фактор би можел да биде еде од клучните.

Во оваа земја нема поздравување со раце или бакнување во образ. Луѓето од рано детство се учат на основни хигиенски навики и правилно миење на рацете со сапун.

“Миењето раце, испирањето на устата и грлото со средства за дезинфекција како и носењето маски се дел од нашето секојдневие, за тоа не ни е потребен корона вирусот” – изјавила една Јапонка, мајка на две деца.

Затоа, како што пишува “Deutsche Welle”, од февруари беше лесно да се премине во “анти-инфекциски методи”.

На влезовите од сите дуќани и установи се ставени средства за дезинфекција на рацете. Носењето маски стана граѓанска обврска.

Во Јапонија пред пандемијата со корона вирусот биле користени 5,5 милијарди маски за лице на годишно ниво, односно 43 маски по лице.

Побаравувачката за заштитни маски нормално дека пораснала со појавата на епидемијата, па и во продавниците се потрошиле рецервите.

Новите маски се продаваа рационално, а луѓето пред продавниците трпеливо чекаа во ред.

Бројни продавници понудија и ткаенини и филтри за кафе со упатство како од нив да се направат заштитни маски.

“Јапонците очигледно добро сфатија дека инфекцијата може да се јави и без симптоми. Ставете ја маската за да ги заштитите другите луѓе и да не го пренесувате вирусот” – рекол менаџерот од Германија Мајкл Пом, кој долго живее во Јапонија.

“Маските го намалуваат преносот на капките и аеросолите со вирусен материјал од нивните носители – постојано апелираат лекарите меѓу кои и Фабијан Швар од истражувачката група Цезар во Бон и Матијас Самвалд од Медицинскиот факултет во Виена.

Освен држење растојание од другите и миење на рацете, маската би можела да игра важна улога во спречување на ширењето на заразата.

“Малиот број на инфекции во земјите како што е Јапонија – тоа го докажа”, истакнуваат овие научници.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе одлучи пред една седмица да воведе вонредна состојба во земјата. Оттогаш Јапонците во мали чекори се враќаат во нормалното секојдневие.

Отворени се првите забавни паркови на отворен простор. Меѓутоа, владата се плаши од втор бран на зараза. Затоа со почетокот на април, би можеле да почнат со работа само училиштата од подрачјата каде нема заболени од корона вирус. Поголеми собири на луѓе и натаму се одбегнуваат.

Фокусот е ставен на опасностите од странци. После Јужнокореанците, и граѓаните од ЕУ немаат дозвола за влез во земјата.

Во Јапонија можат да влезат само оние кои имаат место на живеење во оваа земја, но мора да останат во карантин 14 дена. Според неслужбени информации, мерките за почеток се ограничени до крајот на април.