Ако јадете макар едно каки јаболко на ден, ниту еден вирус и настинка нема да допре до вас

Јапонското јаболко (Diospyros kaki) е едно од најглавните овошја во Јапонија, а познато во целиот свет како каки јаболко. Има голема хранлива вредност и лековитост. Последниве години, ова јаболко е многу популарно и во нашите краишта.

Јапонското јаболко изобилува со здравствени придобивки кои помагаат во лекување на некои болести. Ова јаболко содржи голема количина на витамин Ц, растителни влакна.

Витаминот Ц во јапонското јаболко помага во лекување на настинка и грип и го зајакнува имунитетот, а растителните влакна помагаат во забрзување на метаболизмот и одржување на редовна столица во текот на денот.

Исто така, јапонското јаболко го штити видот, превентивно влијае на настанување на канцер, но добар избор е и за дијабетичари. Јапонското јаболко се одгледува повеќе од 2000 години во Јапонија.

Каки (јапонското јаболко) води потекло од Јапонија, каде дрвјата на ова растение можат да се најдат стари до пет века. Се појавило во Европа во средината на 19 век, и се одгледувало само во Јужна Америка од крајот на 19 век.

Ова дрво дава плодови во секое годишно време, во зависност од видот, како и плодовите кои можат да бидат во форма на обично јаболко, срце, сплескани или долгнавести.

Исто така, постојат големи разлики во големината и тежината на јапонското каки јаболко – од неколку стотици грама до речиси килограм. Бојата на јапонското каки јаболко може да биде од светло жолто-портокалова до темно портокалово-црвена.

Целото овошје може да се јаде, освен цветот и семето. Достигнува целосна форма, арома и боја само кон крајот на сезоната на растење, кон средината на есента. Плодот има специфична чувствителност на температурни промени и мрзне на температури под -15 степени.

Високата концентрација на танините кај незрелите плодови обезбедува горчлив вкус, а кога се комбинира со доволна количина на каротеноиди во овошјето, делува како силен антиоксидант.

Јапонското јаболко има услови да се одледува и во нашите краишта, но треба да се запазат следниве работи: на оваа овошка и е потребна соодветна температура и добра, квалитетна земја.

Може да се одгледува на отворено или во стакларник. Не бара посебна грижа, но на почетокот мора да и ги обезбедите потребните услови за да може да расте. Плодовите почнуваат да растат после втората година од засадувањето.

Јапонското јаболко содржи 70 калории во 100 г, а во оваа количина има 3,6 г диететски влакна. Овие влакна лесно се варат во дигестивниот тракт и обезбедуваат полесна дефекација.

Вкусот на овие јаболка повеќе се споредува со кајсии и праски, отколку со класичните јаболка. Јапонските јаболка содржат витамини како А, Ц, Д, Е, К, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, фолати и холин.

Од минерали, јапонското јаболко содржи: магнезиум, цинк, селен, калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, натриум и аминокиселини. Доколку редовно консумирате јапонско јаболко, никогаш повеќе нема да настинете, ниту вирус ќе допре до вас.

Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко во лекување на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб.

Доколку јадете макар едно јапонско јаболко во текот на денот, ќе задоволите 21% од дневната потреба за витамин Ц. Ова јаболко исто така помага и во лекување на хипертензија, но не треба да ја јадат оние кои природно имаат низок притисок.

Јапонското јаболко помага во намалување на мастите во кр-вта и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Го чува здравјето на очите бидејќи содржи зеаксатин, ликопен и витамин А.

За дијабетичари, најдобро се покажало да консумираат свежо јапонско јаболко или како сок, а џемот и сирупот од јапонско јаболко треба да го избегнуваат бидејќи содржат дополнителни шеќери.

Јапонското јаболко е богат извор на антиоксиданси и помага во бор-бата против слободните радикали. Танините помагаат при честа дијареа, а исто така јапонското јаболко е одличен лек за хемороиди.

Половина час после појадок изедете едно јапонско јаболко, а проблемот со хемороиди ќе го решите на брз начин. Уште подобар избор е доколку го сварите јапонското јаболко пред да го изедете, за уште подобар ефект.

Јапонското јаболко помага во справување со хроничниот замор и подобрување на расположението. Спречува насобирање на течности во организмот и е одличен природен диуретик.

Најдобро е да купувате зрели плодови бидејќи тие се највкусни. Исто така, припазете на плодот да нема никакви видливи о штетувања во внатрешноста. Подготовката на ова јаболко е многу едноставна.

Излупете ја лушпата и отстранете ги лисјата. Со н ож отстранете ги сите потемни делови на јаболкото. Пресечете на четвртини и изедете ја внатрешноста. Но, може да го јадете и како класичното јаболко, доколку кората не е прскана со пестициди.

Јапонските јаболка ако ги консумирате на празен стомак може да делуваат лаксативно и да добиете дијареа. Доколку имате чувствителни црева, можеби најдобро би било да ги консумирате овие плодови помеѓу оброците.

Јапонското јаболко е безбедно да го консумираат и трудници особено во период на есен и зима. Безбедно е и за деца после 1 година во форма на пире или каша.

Смути од јапонски јаболка 

Потребни состојки: 2 јапонски јаболка, 1 банана, 1 шолја млеко, 1/4 лажичка цимет, половина дланка мешункасти плодови.

Постапка: Сите состојки исечкајте ги и додајте ги во блендерот. Блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Може да додадете и чиа семе или цимет по желба. Најдобро е овој напиток ако го испиете веднаш по подготовката. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Претходна статијаНаполитанка: Брза овошна торта готова за помалку од 15 минути
Следна статијаЌе пукате од енергија со три лажици од овој лек за анемија: смесата заштитува од вируси (РЕЦЕПТ)