Мандарината е кисело-сладок цитрус од Југоисточна Азија, кој се одгледува во нашите области од 19 век. И покрај ова, тешко е да се замисли есента и зимата без ова вкусно овошје. Откријте зошто треба да јадете почесто мандарини и како да ги вметнете во вашата дневна рутина за готвење.

Помага при настинки и грип. Мандарината, како и другите агруми, е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за јакнење на имунитетот и борбата против сезонските заболувања. Истражувањата велат доколку изедете 2 мандарини во текот на денот, може да ги задоволите дневните потреби на вотамини до 70%.

Го намалува вишокот килограми. Поради малата содржина на масти и сол, мандарината се смета за нискокалорична храна која се препорачува да се внесе во менито на луѓе кои се обидуваат да изгубат вишок калории.

Исто така, го забрзува метаболизмот и со тоа помага да се стопат масните наслаги во стомакот. Мандарините, исто така, имаат низок гликемиски индекс кој помага во балансирање на нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува и за дијабетичари.

Го забрзува варењето на храната. Кога консумирате мандарини, не треба да се заборави белата влакнеста лушпа што го обвиткува овошјето од внатрешната страна. Доколку јадете многу јаглехидрати и масти, овој дел од агруми полн со диетални влакна ќе ви помогне да го забрзате спорото варење на храната.

Го штити срцето и кардиоваскуларниот систем. Мандарината е добар извор на калиум кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го одржува кардиоваскуларниот систем здрав. Хранливите материи во мандарините исто така спречуваат акумулација на лошиот холестерол на ѕидовите на артериите што може да доведе до срцев удар.

Природен антисептик. Есенцијалното масло од мандарина, кое се смета за природен антисептик, го штити организмот од некои бактерии, но исто така помага во одржувањето на психичкото здравје. Помага при ублажување на симптомите на кашлица, делува релаксирачки на нервниот систем и освежува.

Мандарините исто така можат да го намалат ризикот од рак на црниот дроб, утврдија експертите од Универзитетот во Кјото во Јапонија. Откриле дека луѓето кои страдаат од хроничен вирусен хепатитис може да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб ако испијат свеж сок од мандарина.

Исто така, го намалува лошиот холестерол, што го зголемува ризикот од висок кр-вен притисок, мозочен удар, заболување на црниот дроб и срцеви заболувања. Мандарините исто така можат да го намалат ризикот од рак на црниот дроб, утврдија експертите од Универзитетот Кјото во Јапонија.

Откриле дека луѓето кои страдаат од хроничен вирусен хепатитис може да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб ако испијат свеж сок од мандарина. Мандарините најдобро е да ги консумирате свежи, но доколку имате премногу дома може да ја подготвите оваа превкусна торта од мандарини:

Брза и едноставна торта од мандарини. Потребни состојки: 180 г шеќер, 3 јајца, 50 мл масло, 100 мл сок од мандарини, 1 кесичка прашок за пециво, ванилин екстракт, 14 мандарини

Постапка: Во длабок сад ставете го шеќерот и јајцата и добро измешајте. Потоа додадете го маслото и повторно промешајте.

Исцедете 100 мл сок од мандарини, додадете го прашокот за печиво и половина лажичка ванилин екстракт. Вака подготвената смеса додајте ја во претходната смеса со шеќерот, јајцата и маслото и добро соеденете ги сите состојки.

Во калап (со дијаметар 20 цм) поставете хартија за печење низ целата површина и наросете со мала лажичка шеќер на сите страни од калапот. Потоа излупете ги мандарините и започнете да ги редите во калапот додека да го пополните цел.

Според дијаметарот на калапот од 20 цм, ќе ви бидат потребни 14 свежи мандарини.
Кога мандарините ќе бидат наредени во калапот, претходно подготвената смеса распоредете ја рамномерно врз сите мандарини и просторот помеѓу нив.

Вака подготвената торта, печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. По изминатото време, тортата превртете ја во голема чинија и оставете да се излади.

Декорирањето на тортата го оставаме на вас. Може да декорирате со топено чоколадо кое ќе даде прекрасна вкус со комбинацијата од свежи мандарини.

Мандарините се одличен извор на диетални влакна, содржат дури три грама влакна на 100 г и обезбедуваат подолго чувство на ситост.

Но, и кората од мандарините содржи голем број на антиоксиданси и е безбедна за консумирање доколку овошјето не е прскано. За да бидете сигурни во безбедноста на кората од мандарини, може да ја потопите во вода измешана со сода бикарбона и да оставите да отстои неколку часа.

Кората од мандарина е одличен природен лек за ублажување на кашлицата. За да ја сомелете кората, најпрво оставете ја да се исуши на крпа покрај прозор на собна температура. Кората би требало да се исуши до наредниот ден.

Кората може да ја додавате во разни јадења, а и да ја користите при подготовка на смути заедно со другите овошја и зеленчуци.

Лушпите од мандарина можат да послужат како одличен избор за ублажување на кашлицата и болките во грлото. Може да се користи на многу начини и што е можеби најважно – може да биде вистинскиот лек. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска