Дали знаевте дека постои домашен третман после кој за 12 дена нема да се препознаете? Ако имате проблем со брчките, пробјате го ова што поскоро!

Тајната е во лененото семе, кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на вашето поткожно ткиво, подмладување на масните клетки и го враќа оној младешки изглед во пределот околу образите, особено во сензитивните делови на кожата околу очите, каде кожата е најтенка и склона на брчкање.

Ставете лажица ленено семе во чинија и прелијте го со третина шолја зовриена вода, матете неколку минути а потоа прекријте со салветка и оставете да отстои до вечер.

Исцедете ја мешавината. Користете ја желатинестата маса во која „одлежа“ лененото семе.

Нанесете го овој раствор врз исчистено лице и врат и не го одбегнувајте делот околу очите. Откако ќе се исуши нанесете уште еден слој.

Оставете да се исшуши и овој слој, а потоа нанесете трет слој

Кога ќе се исуши и третиот слој исплакнете со млака вода, па нанесете од кремот кој вообичаено го користите.