Пробајте го вкусниот Кавадаречки ориз за ручек по рецепт на свекрва ми

Фото и рецепт: Блага Јованова

Ова е брз и вкусен ручек за ориз со јајца Кавадаречки – по рецептот на свекрва ми.

Потребни состојки:

1 филџан ориз

3 филџани вода

1 кромид

1 морков

1 пиперка

3-4 јајца

Постапка:

Се сечка зеленчукот.

Се запржува кромид, морков, пиперка и еден филџан ориз. Се зачинува со сол и црн пипер. Се промешува со 3 филжани вода, значи 3:1, па се става да се пече.

Кога е при крај се кршат јајца на око и се допекува уште малку колку и јајцата да бидат испечени.

Loading...