Ако имате оштетен желудник – ќе ви испрати сигнал преку грбот!

Внатрешните органи се поврзани со ‘рбетот како што е осовината во автомобилот. Затоа не е ни чудо што после деформација на меѓупрешленскиот диск се јавува силна болка која се шири на други делови од телото, а најчесто на желудникот. Болката се шири понатаму, низ стомакот.

Неверојатно колку нашиот организам може да изненади – се’ е нераскинливо поврзано, токму како телото и душата. Меѓутоа, процесите на функционирање во организмот некогаш сите не вчудоневидуваат, па и самите лекари остануваат во чудо.

Болките во желудникот се проследени со мачнина, ждригавица и нагон за повраќање – што е многу служично со симптомите на гастритисот – можете да ги почувствувате па дури и ако не јадете пржена, масна или лута храна. Причината за оваа болка најверојатно се крие во некое заболување на ‘рбетот.

Обратете внимание на оваа информација – можно е после неколку месеци да дознаете дека наместо желудникот треба да го лекувате рбетот. Ако поради симптоми на гастритис сте преминале на кашеста храна и супи, а притоа чувствувате уште посилна болка – задолжително да го прегледате желудникот ултразвучно, а исто така и црниот дроб, жолчното кесе и жолчните патишта.

Лекарите на основа на ваквиот наод ќе заклучат дали има некакво пореметување. Меѓутоа, ако се’ е во ред а болката не престанува, обратете се на невролог.

Во случај на вака силни, рефракторни болки (кои потекнуваат од друго место а се чувствуваат во желудникот), се препорачува рендген на ‘рбетот или пак магнетна резонанца. Најчеста причина за болка е некој благ облик на остеохондроза или дискусхернија, што го притиска висцералниот нерв (внатрешен, сензитивен) кој го инервира желудникот.

Внатрешните органи се поврзани со ‘рбетот како што е осовината во автомобилот. Затоа не е ни чудо што после деформација на меѓупрешленскиот диск се јавува силна болка која се шири на други делови од телото, а најчесто на желудникот. Болката се шири понатаму, низ стомакот )како во случај на воспалено слепо црево), а сите тие тегоби може да бидат проследени и со мачнина, ждригавица и тежина во стомакот, како и подување, па дури можна е и температура.

Болката во стомакот може да се јави поради дегенеративна остеохондроза, при ротирање на трупот и при нагли движења.

АКО Е ВИНОВЕН ЖЕЛУДНИКОТ

Може да се случи и обратно: Човекот некогаш го боли грбот, а причина може да биде скриен чир (улкус) во дигестивниот тракт. Во случај на чести опстипации, метеризам и абдоминален притисок на цревата – се напрегаат мускулите на грбот и коските на рбетниот столб.

Поради константен притисок и напрегнатост на мускулите слабеат лигаментите и тетивите, а како последица подоцна се јавува ишијас. За жал, со време, поради неправилно држење на телото, се губи тежиштето на самиот рбет.

СИМПТОМ НА ИНФАРКТ

Понекогаш кога имате ненадејна болка во стомакот, всушност може да биде симптом на инфаркт. Најчесто доаѓа од левата страна, а може да биде проследена со подуеност и постојано повраќање. Значи, доколку почувствувате болки во стомакот проследени со задишаност, бледило, цијаноза на усните (модри усни)… – веднаш побарајте помош од кадриолог.

Loading...