Вино од боровинки за проблеми со срце и крвни садови, желудник, дебело црево

“Напитокот успешно ја регулира дигестивната флора, а ги уништува и го регулира размножувањето на штетните бактерии и габи. Лекот помага и при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имуниот систем.”

Овој магичен рецепт, кој потекнува од античко време, се приготвува од боровинки и бобинки од смрека потопени во вино и ракија, односно, станува збор за вино од боровинки кој како лек се употребува за речиси сите видови на болести.

Посебно е корисен кај проблеми со лоша циркулација и крвна слика, кај главоболки и вртоглавици, како и при други различни тегоби со главата.

Виното од боровинки секако би требало да го пробате доколку имате и проблем со слабо срце и крвни садови. За иста намена се употребувал и напитокот од боровинка кој е споменет во записите пронајдени во Лондон, кои датираат уште од 1696 година.

Листата на сите благодети од овој лек навистина е голема. Ова вино би требало да го пробате и доколку ве мачат хронични или акутни заболувања на желудникот и цревата, а помага и во борбата против дигестивни пречки и воспаление на дебелото црево.

Напитокот успешно ја регулира дигестивната флора, а ги уништува и го регулира размножувањето на штетните бактерии и габи. Лекот помага и при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имуниот систем.

ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ВИНО ОД БОРОВИНКИ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО:

½ кг свежи боровинки (како замена може да послужат и смрзнати)
½ кг бобинки од смрека
1 литар добро црно вино
½ литар силна домашна ракија
3 лажици мед
3 лажици шеќер

Постапка:

Сите бобинки добро измијте ги и ставете ги во голема стаклена тегла. Налејте го виното и оставете да отстои во фрижидер 48 часа. После тоа, во смесата додадете ракија, мед и шеќер. Убаво промешајте и оставете да отстои седум дена.

Употреба:

По четири супени лажици наутро и навечер. Виното се користи три дена наутро и навечер, па се прави пауза од два дена.

Ако ја потрошите целата количина, можете по потреба да направите нова доза и да продолжите да го користите виното се додека да исчезнат тегобите.

Loading...