Вркута е чудотворна билка, единствена по своите својства за што сведочат бројни жени.

Цвета од мај до август во зависност од поднебјето, а се бере во време на цветање. Лековити делови се листот и стебленцето со цветот.

Вркута лекува:

-болни менструации,

-зголемен вагинален секрет,

-лекува различни видови инфекции,

-чиреви,

-ги ублажува симптомите на менопауза,

-го јакне срцевиот мускул,

-делува како диуретик,

-ја поправа крвната слика.

Дури, некои билкари особено ја препорачуваат и на бремени жени од третиот месец па натаму.

Чајот од вркута и годи на матката, па ги намалува шансите од несакан абортус. Голем број жени ја сметаат за своја заштитна билка бидејќи важи за универзален лек против сите женски болести. Се пие четирипати дневно чај од свежо набрана билка, голтка по голтка, за потешки болести.

Им се препорачува и на дијабетичари, а намалува и болки кај гихт и реума. Покрај тоа, се покажала како одличен лек во вид на облози за исеченици, убоди и други рани.

Секако, за да ја почувствувате исцелителската моќ на оваа билка, мора да бидете трпеливи и упорни, бидејќи мора да се користи една година без прекини.

Се препорачува за неплодност при што најчесто се користи во комбинација со маточина. Оваа билка го регулира лачењето на женските хормони и ги регулира менструалните циклуси.

Помага и кај полицистични јајници. Чајот од вркута може да се пие и во текот на климактериум, бидејќи ги регулира хормоните и симптомите на менопаузата.

Според некои истражувања, билката е делотворна и против рак на дојка, ХПВ и други вируси и бактерии како што е стафилококата.

Се користи и за надворешна употреба за испирање на слузокожата.

Делува и против дијареа во мешавина со други чаеви.

ЧАЈ ОД ВРКУТА

Една лажичка од билката се прелива со 200 мл зовриена вода. Поклопено се остава 10 минути по што се процедува. Се пие голтка по голтка. Доволни се 2 шолји чај дневно, освен кај потешки болести кога се пијат и до 4 шолји на ден.