Колачите наречени „Шубари“ може да се прават и во посна верзија. Можете сами да приготвите бисквит според опишаниот бисквит подолу, а може и само да сварите фил, па да лепите по два посни бисквита.

Ако сакате да направите нешто благо и евтино, ова е вистинскиот рецепт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 200 мл кисела вода; 200 г брашно; 1 прашок за печиво; 50 мл масло; 100 г шеќер; 2 лажици какао.

ЗА ФИЛ: 4 лажици сојно млеко во прав; 500 мл топла вода; 100 г шеќер; 1 ванилин шеќер; 3 супени лажици густин; 3 лажици брашно; 250 г посен маргарин; 3 лажици шеќер во прав; 100 г кокосово брашно.




ЗА ГЛАЗУРА: 100 г посно темно чоколадо; 2 лажици масло или коцка маргарин.

ПОСТАПКА: Во сад ставете го брашното со прашокот за печиво, додајте шеќер, масло, какао и кисела вода. Добро изедначете ја смесата за бисквитот.




Обложете го садот во кој ќе печете со хартија за печење (димензии 30х40 см) и излејте ја смесата. Се пече на 200 степени околу 20 минути. По печењето, бисквитот се превртува на друга хартија за печење и се вади долната.

Кога ќе се излади бисквитот, со калап вадете кругови (помали). Во врела вода додајте шеќер и 4 лажици млеко во прав и ставете на шпорет. Брашното и густинот измешајте ги во водата и кога ќе зоврие додајте ги во млекото и убаво израмнете со жица. Оставете да се излади целосно со често мешање.




Во пластичен сад додајте го претходно омекнатиот маргарин и 3 лажици шеќер во прав заедно со ванилиниот шеќер и убаво измешајте со миксер додека да се запени. Кога кремот ќе се олади, постепено го додаваме во маргаринот и сето тоа го мешаме во еднолична смеса-мазен крем.




На еден круг тесто нанесете малку крем, па покријте го со друг круг и премачкајте го околу колачот и извалкајте го колачето во кокосови трошки. Растопете го чоколадото и ставете по една кафена лажичка на секое капаче.

Оставете да се излади во фрижидер некое време и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Шубари со купечки кори – најбрзиот начин до совршен колач. Сите ги сакаат вкусните шубари кои се топат во уста. Овој рецепт за нивно приготвување е најбрзиот што постои, бидејќи се користат готови, купечи кори. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 парчиња готово купечки кори со какао, 1 литар млеко, 20 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 10 лажици брашно, 100 г бело чоколадо, 250 г путер/маргарин.

ЗА ГЛАЗУРА: 100 г кокос – за валкање, 100 г црно чоколадо и 2 лажици масло




ПОСТАПКА: Од еден литар одвојте околу 200 мл млеко, а остатокот ставете го во подлабоко тенџере заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Ставете на оган. Во одвоените 200 мл млеко додадете го брашното и промешајте за да нема грутчиња.

Кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и во него постепено додајте го раствореното брашно, па со постојано мешање сварете го додека да згусне.




Во врелиот крем додајте го и белото чоколадо, па промешајте додека да се растопи и соедини. Оставете го целосно да излади. Путерот пенасто изматете го, па соединете го со изладениот крем. Со обична стаклена чаша вадете трклаца во парен број.




Внимавајте колку можете повеќе да го искористите бисквитот. Пред самото филување, врз половина од тркалцата ставете по 1-2 лажици сок од портокал за бидат посочни.

Врз секое натопено тркалце, нанесете фил и поклопете со друго тркалце (ненатопено). Обложете го колачот од страна и валкајте го во кокосово брашно.




ЗА ГЛАЗУРА: во чоколадото искршено на коцки додајте две лажици масло, па ставете го во микробранова печка или на тивок оган да се растопи и соедини.

Одозгора украсувајте ги руските капи и оставете ги да се изладат и стегнат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.