Кога ќе видите кои состојки се користат за приготвување на чорбата, тогаш навистина ќе очекувате совршенство од вкус. Чорбата се јаде со уживање и секој залак претставува вистинско задоволство.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: рибина глава и малку месо од крап, 2 моркови, 1 пашканат, 1 корен од целер, 2 домати, 1 главица кромид, 1 лажица брашно, 1 зелена пиперка, вегета, црвен пипер и толчена лута пиперка, црн пипер, сечкан магдонос, ловоров лист, малку масло.




ПОСТАПКА: Ситно исечкајте ги морковите и 1 главица кромид на коцкички, па пропржете ги во соодветното тенџере во кое ќе ја готвите чорбата на тивок оган. Кога кромидот ќе кристализира, а морковот ќе омекне, додајте го ситно сечканиот целер и пашканат, негде при крајот на готвењето.




Зачинете си по сопствен вкус со вегета, црвен и црн пипер и сол. Пиперките исто така исечкајте ги ситно и додајте ги во останатите состојки. Во меѓувреме додека го пропржувате зеленчукот настрана варете ја рибината глава која треба рачно да ја исчистите од коски.




Месото од крап се пржи во тавче со масло. Во пропржената смеса се додава и ловоров лист по желба за да го испушти својот прекрасен вкус. Потоа се прелива со вода (колку што е потребно за чорба), се додава варената рибина глава и се остава да вари околу половина час.




Во текот на варењето се додава и доматот исечкан на коцки, а пред крајот на варењето се додава брашното и се промешува за чорбата да биде помалку густа. Послужете ја чорбата со оцет и пропржениот крап настрана. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




II рецепт. Кашеста супа од карфиол, здрава и лесна, со сласт се јаде целата Рецептот беше објавен во групата НМД рецепти од нашата драга читателка Фемије Сулејмани. На овој рецепт се надоврза и нашата драга Мирјана Анастасова. Eве што ви е потребно:




Потребни состојки: вода по потреба, 1 главица кромид, 1 парче пилешко бело месо, околу 400 г карфиол на цветчиња, сол, црн пипер, сув зачин (вегета), ѓумбир и куркума по вкус, 3 – 4 пилешки батаци, 2 лажици фиде, 2 – 3 чешниња сечкан лук или по вкус.




Постапка: Во тенџере со зовриена вода се става исечкан кромид, карфиол исечен на цветчиња, зачини по вкус, едно парче бело месо и 3-4 пилешки батаци. Се остава на умерена температура да се вари месото додека да омекне, но да не биде преварено.




Пред самиот крај кога ќе омекне карфиолот, се додава фиде и малку сечкан лук. Се остава уште малку да вари, па потоа се вади месото на страна. Карфиолот се блендира со рачен миксер или во блендер за да се добие кашеста течност. Белото месо се дроби на ситни парчиња, па заедно со варените батаци се враќа во кашата. Одозгора се зачинува со црн пипер.




III рецепт: Чорба со карфиол. Рецепт на Мирјана Анастасова: Постапка: На масло се запржува рендан морков околу 1 – 2 минути, па се додава вода по желба. Се зачинува со половина лажиче сув зачин (вегета), црн пипер и сол по вкус, па се додава карфиолот исечкан на помали цветчиња.




Се додава малку просо или фиде по желба и се остава да се вари на умерен оган околу 10 минути. Се трга на страна и се додава едно јајце изматено во половина канче кисело млеко.