За многу кратко време ќе приготвите многу вкусен, хранлив и здрав оброк. Еве како…
Потребни состојки:
1 голем црн домат, исечен на ленти како шницли
½ филџан презла
1 супена лажица зеленчуков зачин
½ супена лажица лук во прав
2 јајца
Сол и пипер во вкус
ПОСТАПКА:
1.Загрејте ја рерната на 220 степени
2.Во широка но плитка чинија измешајте ја презлата и зачините.
3.Во друга чинија изматете ги јајцата.
4.Натопете ги шницлите од црн домат во јајцата а потоа во презлата со зачини.
5.Печете ги доматните шницли на решетката од рерната или на малку намастен плех.
6.Печете додека тие да поруменат, околу 7-10 минути, а потоа уживајте во совршениот вкус.