Клубот на млади лекари со поддршка на “Алкалоид”, од денеска започна со организација на неделата на студенти по медицина, водени под мотото ,,Студентите по медицина – нашите идни лекари”.
Мисијата на проектот е враќање на довербата во медицинската професија и можноста за професионална себереализација на студентите и младите доктори во Р.Македонија. Клубот на Млади Лекари сака да им помогне на студентите, младите професионалци во здравството, идните лекари како и на граѓаните да дојдат до искористување на своите права, преку интер-дисциплинарна соработка со академската заедница, еминентни експерти и медиумските работници.
Во текот на неделата ќе се остварат разни активности и настани се со цел овозможување на чувство на припадност во заедницата и мотивирање на студентите за остварување на своите цели во Р.Македонија, преку непосредна кафе средба на студентите со специјализанти (МедКафе), мотивациски говори и инспиративни професионални приказни на успешни лекари, вмрежување помеѓу невладини организации кои работат со млади професионалци од различни области и конечно посета на Фоднот за иновации и технолошки развој, каде ќе се презентираат веќе успешни старт ап приказни од областа на медицината. На настаните во текот на неделата на студенти по медицина, секој студент ќе добие мантил како подарок од Клубот на Млади Лекари и “Алкалоид”.
„Ми претставува особена чест и задоволство што ‘Алкалоид’ е дел од овој проект, организиран од Клубот на Млади Лекари. Потикнувањето вакви идеи и настани е секогаш од заеднички интерес. Ние работиме во насока на поддршка со тоа што стипендираме студенти по медицина и по фармација преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’, како и преку практикантството што ги вклучува студентите од Фармацевтскиот, Хемискиот и од Природно-математички факултет. Голем број млади лекари ја напуштаат државата, а за да се спречи тоа, секој треба да придонесе во својот домен. Вие сте новата генерација идни лекари и ние сметаме на вас во секој поглед“, изјави г. Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.
Деканката на Медицинскиот Факултет Проф. д-р Соња Топузовска ја потенцираше
потребата за реализирање на проектот ”Студентите по медицина – нашите идни лекари” која произлегува од очигледната неможност на младата генерација, од прва рака да се запознае со фактите и искуствата кои ги имаат веќе дипломираните лекари.
Истакна дека е од особена важност да се охрабрат студентите по медицина да го развиваат својот интелект, вештини и самореазлизација во Р.Македонија, затоа што се работи за личности кои треба да бидат нашите идни доктори, чувари на нашето и здравјето на нашите најблиски.
Претседателот на Клубот на млади лекари, Асс д-р Никола Брзанов нагласи дека целата на формирање на клубот е поголема вклучечност младите во процесите на одлучување и креирање на политиките во здравството.
-Нашата цел е да бидеме критичен и конструктивен партнер во реформите кои не можат да се случат без учество на оние кои утре ќе одлучуваат за промени преку промоција на систем на заслуги кој е единствена гаранција за подобар здравствен систем и најпосле праведно општество.
-Иницијативи како нашата не само што ќе се стремат да создадат промени, туку ќе
разберат дека за истите да се случат потребно е да ги направиме нашите млади студенти храбри, да се спротивстават на неправдите, а во исто време и доволно вешти да ве излечат.
Клубот на Млади Лекари денешниот настан го доживува не е само како можност да го
прослави ова ново партнерство помеѓу Клубот на Млади Лекари и “Алкалоид”,
туку е и праќање порака, дека навистина се постои грижа за процесите и можност да се направи нешто околу тоа.
Со почит,
Клуб на млади лекари