СОДРЖИ: голема количина на витамин Ц, слуз, пектин, калциум оксалати. Во кората има етерично масло со пријатен мирис и горчлив вкус. Маслото содржи лимонен, цитрал, шеќер, калиум, фосфор, лимонова и јаболкова киселина.

Се употребува плодот кога е зрел, и листот.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Сокот од лимонот:

-го снижува шеќерот во крвта

-штетните киселини и бактерии,

-лекува од настинка

-градни болести

-ја чисти крвта од мочната киселина,

-ги чисти жлездите

-го спречува крвавењето

-разни воспаленија

-ревматични тегоби

-маларија

-скорбут

-ја подобрува работата на срцето.

ПРОТИВ РЕУМА: сок од 3 лимони дневно. Сок од лимон се пие и при заболен црн дроб, бубрези, смирување на нервите.

ЗА СРЦЕ: сок од 3 лимони и 1 к.лажичка сол се става во помало шише и се мати се додека не фати бела пена и се пие на секој час по една супена лажица.

ЗА НАСТИНКА: се вари чај од сува кора од лимон со исти делови сува кора од портокал и мајкина душичка. Од оваа смеса 2 супени лажици со 1 литар вода вријат само 2 минути. Садот се поклопува и по 20 минути се процедува и се засладува со 1 лажичка мед.

Лист од лимон може да се стави во комбинација со која било билка.

ПРОТИВ ПРВУТ И СЕБОРЕА: Со свежо исцеден сок од лимон се масира коренот на косата два пати неделно. Се остава половина час и косата се мие. За да не биде кршливо влакното, во водата за плакнење се ставаат неколку капки масло од лен, сусам, кантарион, мајкина душичка или др.