Многу вкусни ванилини печива кои ќе ги правам секоја недела бидејќи сите уживаа во нив. Не се ни сомневав на овој рецепт кој го добив од една моја драга пријателка, а кај неа ги комбинирав со кафе и тогаш го почувствував совршениот вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 300 г брашно, 60 мл топла вода, 60 г шеќер, 40 мл масло, 1 голема лажица путер/маргарин, 1 јајце, 1/2 лажичка сол, ванилин екстракт, 10 г сув квасец за печива.




ЗА КРЕМ ФИЛОТ: 200 мл блага павлака (хопла), 2 големи лажици нишесте (густин). И уште ќе ви биде потребно: 1 жолчка за премачкување на печивата, сечкани бадеми за наросување одозгора и мармалад/џем и кокосово брашно.




ПОСТАПКА: Најпрво се замесува тестото. Во еден сад ставете го брашното околу 300 г и на средина направете вдлабнатина. Во неа додајте ја топлата вода и сувиот квасец и малку промешајте, но не го промешувајте целото брашно туку само на средината тоа што останало со квасецот и водата.




Кога квасецот ќе запени додајте го шеќерот, маслото и 1 јајце. Кога ќе ги соедините состојките додајте го путерот/маргаринот и половина мала лажичка сол и замесете фино и меко тесто кое може малку да биде лепливо под прсти. Кога ќе ги соедините сите состојки, врз тестото додајте екстракт од ванила и вмешајте го во него.




Замесеното тесто оставете го во садот кој што сте го подготвиле и покријте го со крпа да се надигне на топло место 30-40 минути. За тоа време подгответе го кремот: Благата хопла ставете ја во тенџере на ниска температура и додајте го нишестето за згуснување.




Со повремено мешање варете додека кремот да се згусне. Пред крајот додајте уште малку екстракт од ванила и измешајте па тргнете го тенџерето од рингла. Стасаното тесто поделете го на неколку еднакви топчиња и наредете ги на плех со хартија за печење.




Оставете ги да отстојат уште 15-20 минути под крпа да стасаат уште малку. По изминатото време со чаша направете вдлабнатина на секое топче и малку потиснете ја вдлабнатината со прсти. Секое тесто премачкајте го со претходно разматена жолчка и во секоја вдлабнатина ставете со кујнски шприц од филот или со лажица.




Одозгора наросете со иситнети бадеми и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 до 30 минути. Кога ќе се испечат премачкајте ги од страна на коричката со џем или мармалад по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.