Фото и рецепт: Натич Нт

Потребни состојки:

500 г брашно

1/2 квасец

1 лажиче шеќер

2 лажичиња брашно

1 лажичка сол

3 лажици масло

Постапка:

500 г брашно, половина надојден квасец зафатен со вода (не мерев од око), 1 лажиче шеќер, 2 лажичиња брашно.

Во брашното се додава 1 неполна лажица сол,3 лажици масло.

Се меси меко тесто и се остава да надојди 20 мин.

Од тестото се прават 4 топки се ставаат во плех на хартија за печење се покриваат со најлонска фолија и се оставаат 15 мин.

Потоа секоја топка се премачкува со масло се расплескува со рака да дојди дебелина колку еден прст и повторно се оставаат да надојдат 15 мин покриени со најлонска фолија.

Се печат во загреана рерна на 200°С Време не гледам никогаш, печам додека да заруменат..👌😘