Фото и рецепт: Емилија Илијовска
Едно јаболко дневно го јакне имунитетот, а покрај свежото јаболко, одлично оди и мармалад од истото со топло чајче во ладните есенски и зимски денови.
Потребни состојки:
3кг јаболка
2кг шеќер (ако јаболката се благи може и помалку)
1 цеден лимон
постапка:
По вкус може да се додаде цимет.
Во пекач се става шеќерот и се полева со вода да се покрие отприлика околу 1л.
Додека се вари шербетот јаболката се лупат и се рендаат.
Шербетот се вари 15 мин и се додаваат ренданите јаболка.
Убаво се промешува, се става капакот од пекачот и се става во загреана рерна на 200° и се пече 2 часа.
Пред вадење се додава еден цеден лимон и циметот.
Се собира топол,во топли тегли, се завиткува во чаршав убаво да се излади.
Добар апетит ☺