Фото и рецепт: Марина Станковска

Есента мириса на јаболка

Потребни состојки:

125 г шеќер

125 путер/маргарин

3 јајца

200 г брашно

1 прашок за печиво

1 лажица млеко

3-4 јаболка

Цимет, шеќер во прав

Постапка:

Јајцата со шеќерот и путерот се мешаат добро со мискер. Потоа се додава брашното и печивото, па на крај млекото.

Целата смеса се истура во тркалезна тепсија, претходно намастена со путер.

Јаболката се мијат, лупат и сечкаат на четвртинки (или половинки, по избор), а одозгора се засекуваат како лепеза. Се редат како на фотографијата.

Одозгора може да наросите малку цимет, по желба.

Се пече на 200 степени околу 40-50 минути.

Кога ќе излади малку се наросува шеќер во прав за декорација.