Home Рецепти Драчевски сирењачиња: вкусни, меки, миризливи

Драчевски сирењачиња: вкусни, меки, миризливи

Фото и рецепт: Зорица Наумовска

Потребни состојки:

500 г брашно

1 лажица сол

1 лажиче шеќер

1 сув квасец

Млака вода

Постапка:

Со млака вода се замесува тесто, па се остава на топло место, покриено да кисне.

Потоа од тестото се кинат топчиња колку мало јаболко, се расплескува малку со кружен облик.

<

Се става ситно здобено сирење, се затвора и се реди во подмачкана тава.

Откако ќе се наредат, повторно со прстите малку се тапкаат и се оставаат така да киснат.

Кога тестото е стасано се прелива со следнава мешавина:

2 јајца

150 мл јогурт

100 мл масло

Смесата се мати, се прелива одозгора, па се пече во рерна, убаво да порумени.