Фото и рецепт на Ивана – Божиќен куглоф со суво овошје. Може да се приготвува во калап за куглоф или каков било калап. Ако го печете во правоаголен калап, тогаш можете да го сечете на коцки. Како и да одлучите ќе добиете прекрасно печиво од кое ќе ви замириса домот неодоливо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г омекнат путер, 6 лажици масло, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 2 јајца, 250 г свежо полумасно сирење (маскарпоне, филаделфија…), 370 г брашно, 1 прашок за печиво, 5 лажици млеко, 150 г суви кајсии (омекнати во ликер), 100 г суво грозје (омекнато во ликер) и шеќер во прав за наросување.
Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер изматете го пенасто со миксер. Едно по друго додавајте и матете: масло, шеќер, ванилин шеќер и сол. Миксајте додека сите состојки да се соединат.
Додајте едно јајце и матете половина минута со најголема брзина, па додајте го второто јајце. Брзо додајте го и изматете го крем сирењето. Промешајте го брашното и прашокот за печиво, просејте ги, па половината додајте ја во смесата матејќи на средна брзина.
Додадете млеко, па втората половина од брашното. Сувото грозјте и исечканите суви кајсии додадете ги и измешајте ги со најмала брзина. Тестото излејте го во калапот и израмнете.
За да не ви калапот може да направите и вака: намастете го со путер и набрашнете го, а потоа ставете го неколку минути во замрзнувач пред да ја излеете смесата во него. Печете го 60-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа извадете го на решетка. Сигурно ќе ви се допадне и следниот рецепт за Божиќна торта:
БОЖИЌНА ТОРТА – Едноставно е совршена, нема што многу да се зборува, во неа се ужива. Фотографија и рецепт на Линда – Божиќна торта со неодолив мирис и многу суво и кандирано овошје. По избор можете да користите овошје какво што сакате, но можете да го искористите и мојот предлог.
Потребни состојки: 220 г брашно, ¼ лажичка сол, ½ лажичка цимет, ½ лажичка кардамом, ½ чажичка каранфилче, 200 г путер или маргарин, 2 лажици мед, 1 лажица џем, ½ лажичка екстракт од ванила, 4 јајца. И уште е потребно: 800 г суво овошје (јас ставив по 200 г суво грозје, суви сливи, суви кајсии и суви смокви), 100 г кандирана кора од портокал, 100 г кандирани вишни/цреши, 100 г сечкани бадеми, 250 мл сок од портокал, 2-3 лажици рум, 200 г шеќер.
Постапка: Сувото овошје (освен бадемите) натопете ги во сок од портокал и рум, па оставете ги преку цела ноќ да киснат. На тој начин ќе се ароматизираат и рехидрираат. Следниот ден изматете го омекнатиот путер со шеќерот, додавајте едно по едно јајце и матете додека убаво да се соедини.
Додајте ги зачините, медот, џемот и брашното. Промешајте. Потоа додајте го натопеното суво овошје и бадемите, па лесно со лажица промешајте. Ако останало вишок течност, исцедете го овошјето, но не премногу. Тоа треба да биде влажно и набубрено.
Смесата излејте ја во калап за торти, претходно обложен со хартија за печење, па протресете и израмнете. Калапот е најдобро да биде со средна величина, па доколку одберете помал, тогаш тортата ќе биде повисока, а ако одберете поголем, тогаш таа ќе ќе биде потенка и пониска.
Божиќната торта печете ја во претходно загреана рерна на 150 степени околу три часа. Поради влажната конзистенција на овошјето, потребно е тортата да се пече подолго време, за да испарат сите течности и да добие на мекост и ровкост. Кога ќе се испече не ја вадете веднаш од хартијата, туку добро завиткајте ја во фолија, па ставете ја во некој сад со капак, кој можете да го затворите и чувајте ја во фрижидер.
Колачот можете да го испечете уште отсега, а да го послужите за Божиќ. Потребно е само еднаш седмично да го полиете со 1-2 лажици сок од портокал и 1 лажица рум за да ја одржувате неговата свежина. Овој колач обично се приготвува 3-4 седмици пред Божиќ за да може убаво да зрее, но исто така, можете да го направите кога било и веднаш после печењето да го послужите. Колачот е превкусен. /Соolinarika.com.