Рецепт и видео презентација на „Ризница тајни”: Баклава во ролнички со плазма и ореви. Сите ја сакаат класичната редена баклава која се приготвува само од ореви, но ова е една верзија која навистина го заслужува вашето внимание. Се витка во ролнички и многу е сочна и вкусна.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување кори за баклава (500 г / 18 листови), 200 г мелени ореви, 200 г мелена плазма, 2 лажици шеќер, 4 лажици гриз, 100 мл масло и 1 шолјичка лимонов сок. И УШТЕ: 100 мл масло, 100 г путер/маргарин. ЗА СИРУП: 600 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лимон и 700 мл вода

ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го сирупот за да има време да излади: Во еден сад ставете 600 г шеќер и налијте со 700 мл вода. Варете го 20 минути на умерена температура од моментот на зовривање, па пред крајот додајте една лажичка ванилин шеќер и еден лимон исечкан на парчиња. Тргнете го на страна да се лади.

Во подлабок сад измешајте ги мелените ореви, мелената плазма, гризот и останатите состојки. Добро соединете за да се изедначат состојките. На страна измешајте ги растопениот путер и маслото.

Отворете ги корите: Една кора премачкјате ја преку целата површина со мешавина од масло и путер, па поклопете со втората кора и повторете ја постапката. На едниот крај наредете фил, па внимателно започнете со виткањето на ролната. Значи за секоја ролничка потребни се две кори.

Постапката повторете ја и со останатите кори, сè додека имате материјал, а тенките ролнички редете ги во намастен плех. Кога ќе го исполните плехот, исечете ги на големина по ваша желба, а потоа одозгора премачкјате ги со остатокот од растопен путер и масло. Внимавајте насекаде на навлезе.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа уште половина час на 150 степени. Потребно е прилагодување на температурата во текот на печењето за убаво да се испече баклавата. Печената баклава прелијте ја со претходно приготвениот и изладен сируп.

Оставете ја убаво да го впие сирупот, изладете ја и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.