Дијабетесот е најчесто метаболно заболување кое се смета за тивка епидемиja на 21-от век. Најчесто дијабетесот се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во kpвта, но покрај тоа настануваат и проблеми со срцето и kpвните садови, зголемен холестерол и триглицериди во kpвта.




Во продолжение може да прочитате рецепт за намалување на шеќерот во kpвта, лек за намалување на холестеролот и триглицеридите и лек за лекување на најчестата бактерија Е. Коли.

Рецепт за намалување на шеќерот во kpвта. Потребни состојки: 300 г корен од целер и 6 лимони. Постапка: Прво, треба да го изрендате измиениот корен од целер и да го ставите во емајлиран сад. Садот не смее да биде оште-тен. Потоа, додајте го исцедениот сок од лимоните.




Затворете го садот, па вметнете го врз друг поголем сад кој претходно сте го наполниле со вода. Ставете го на оган водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие намалете ја температурата. Целерот треба да се готви со лимоновиот сок, на водена пареа, два часа.




Потоа тргнете го садот од оган, но не го отворајте капакот од тенџерето сè додека целосно да излади. Изладената смеса ставете ја во стаклена тегла, затворете добро и чувајте во фрижидер.

Употреба: Треба да се пие по 1 лажица од овој домашен пијалак, секое утро на празен стомак, 30 минути пред појадок. Смесата е доволна за 2 месеци. По 2 месеци, нивото на шеќерот во кр-вта ќе ви биде во нормални граници.




Рецепт за намалување на холестеролот и триглицеридите. Фотографија и рецепт на Весна Несовановиќ. На овој рецепт некаде налетав, а во оригиналот пишуваше целерот да се употреби без листови. Но, кога се посоветував со мојот лекар-кардиолог, кој воедно ми е и куќен пријател, ми предложи да го користам и листот од целерот.




Исто така, ми советуваше на контрола за холестеролот и триглицеридите да одам 3-4 седмици после престанокот на користење на овој напиток. Овој напиток го користев минатата година и се покажа како многу делотворен. Испив вкупно 3 дози и тоа двапати дневно пиев по 100 мл пред појадок и пред вечера, бидејќи не вечерам.




Холестеролот претходно пред користењето на овој напиток ми изнесуваше 6,99, а после тоа падна на 4,13, а триглицеридите од 2,34 на 0,77 односно на граница на нормала. Овој напиток треба да се користи барем еднаш во годината за да се одржува холестеролот и триглицеридите во граници на нормалата.




Потребни состојки: 400 г целер, 1 кг лимон и 2 литри вода. Постапка: Коренот од целерот убаво се мие и се лупи. Листовите исто така добро се мијат. Лимонот се мие со ладна вода и се остава неколку часа во раствор од сода бикарбона. Потоа се плакне и со нoж за лупење компири му се лупи надворешната кора, без белиот дел кој дава горчина.




Во поголемо тенџере ставете 2 литри вода. Целерот изрендајте го на ситното ренде (или во блендер), па ставете го во водата заедно со листовите од целер и лимоновата кора. Се става на силен оган, па од моментот на зовривање се намалува на умерено и се остава да се вари 20 минути.




Потоа се поклопува и се остава да излади најмалку 6 часа или преку целата ноќ. Од излупените лимони им се отстранува белата кора и целите лимони се ставаат со блендер.

Водата со целерот и лимоновата кора се процедува со помош на преса за компир, па во течноста се додава измиксаниот лимонов сок. Потоа уште двапати се процедува низ цедалка. Се складира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Од оваа количина излегува 2,7 литри лековит напиток.




УПОТРЕБА: Се пие по 100 мл 3 пати дневно 20-30 минути пред главните оброци. Пред да ја потрошите последната доза, направете нова за немате прекин во текот на користењето. Вкупно се пијат три дози, а крвна анализа се прави после 3-4 седмици откако ќе се испие последната тура.

Рецепт за бактеријата Ешерихија Коли. Исто така, со целер се приготвува и лек за Ешерихија Коли. Потребни состојки: 300 г корен од целер со лист, 2 цели лимони, 1 литар вода.

Постапка: Целерот се мие и се лупи, па се блендира заедно со лимонот заедно со кората, па се прелива со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено преку цела ноќ или 12 часа. Потоа се процедува и се пие 4 дена по ред, по една шолја наутро на гладно.