Имаат одличен вкус и богати се со масти, протеини и други здрави хранливи материи. Кикириките се добар извор на протеини и имаат голема содржина на есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија.

pixabay.com




Придобивките од кикириките се различни, па дефинитивно треба да ги додадете во вашиот список на секојдневна исхрана. Сепак, поради големата содржина на здрави масти и калории во кикириките, не треба да претерувате со количините.

pixabay.com




Кикириките се калорични јатки, но затоа се многу квалитетни и здрави. Од тие причини треба да јадете кикирики почесто, но умерено (грст излупени кикирики или 30-50 грама дневно). Кикириките се исклучително богати со многу есенцијални хранливи материи, протеини, квалитетни масти, минерали и витамини.




100 грама кикирики има околу 570 калории. Во тие 100 грама има околу 26 грама протеини, што е поголема количина од останатите во споредба со другите јаткасти плодови. Како и другите јаткасти плодови, кикириките се вреднуваат поради нивната содржина на маснотии, што е околу 49 г на 100 г.




Половина од вкупните масти се мононезаситени (24 – 25 г), а полинезаситените масти се околу 15 г. Двете групи на масти се многу важни за телото и здравјето, а мононезаситените се најквалитетни кои се наоѓаат во храната.




Кикириките не содржат холестерол. Има околу 16 грама јаглехидрати, па се совршена варијанта за вечера. Кикириките се богати со калиум, магнезиум, фосфор, калциум, бакар и натриум. Сите тие се минерали, неопходни се за организмот, бидејќи се составен дел на електролитите.




Електролитите играат улога во регулацијата на телесните течности и кр-вта и играат голема улога во функцијата на мускулите и нервниот систем. Кикириките се одлична храна за надополнување на изгубените резерви на минерали.




Една од најзабележителните придобивки на кикириките за здравјето на луѓето е подобрувањето на енергијата. Ова е сосема разбирливо, бидејќи кикириките содржат многу витамини и минерали, антиоксиданти и хранливи материи, кои сами по себе се одлични извори на енергија.




Содржат железо и цинк, кои се дефицитарни во повеќето овошја. Од витамините, кикириките се богати со ниацин (витамин Б3), фолна киселина и витамин Е. Поради вредноста на фолатите особено се препорачуваат за трудници.




Покрај тоа, кикириките се здрави доколку се јадат во умерени количини. Кикириките исто така содржат и заситени масти, што со текот на времето може да доведе до проблеми со срцето доколку постојано се конcyмира прекумерно.




Кикириките се богати со фосфор, што може да ја ограничи апсорпцијата на другите минерали како цинк и железо од страна на вашето тело. Па затоа не се препорачуваат да ги јадат дијабетичари, а по конcyлтација со лекар може да јадат во мала количина.